Германија и Франција заедно ќе развиваат борбен авион за европската одбрана

Париз и Берлин потпишаа денес 150 милиони евра вреден договор за развој на прототип на нова генерација борбен авион, проект кој се смета за многу важен за Европа за да може самата да се брани, без да зависи од сојузниците.

Десо ејвиејшн и Ербас заедно ќе развијат авион кој би требало да биде оперативен во 2040, и со време да ги замени авионите рафал на Десо и германскиот јурофајтер.

„Ова е многу амбициозен проект на Франција, Германија и Шпанија која се придружи“, изјави француската министерка за оружени сили Флоренс Парле по свеченото потпишување на договорот со колегите од двете земји.

„Ќе им овозможи на нашите земји да се соочат со заканите и предизвиците во втората половина од 21 век, и ги илустрира нашата волја и амбицијата за европска одбрана“.

Германскиот парламент го одобри финансирањето на проектот минатата недела. Шпанија учествува во почетната фаза, а формално ќе се придружи на проектот подоцна годинава и ќе вложи околу 50 милиони евра.

За развојот на авионот ќе бидат потребни околу 4 милијарди евра додека не биде завршен во 2026. Производството би требало да почне во 2040.

Десо и Ербас ќе го изградат авионот, Сафран и МТУ аеро енџинс ќе развијат нов мотор, Ербас и МБДА ќе работат на дронови кои ќе го следат авионот, а исто така Ербас и Талес СА се задолжени за дигиталните аспекти на проектот.

На проектот ќе му конкурира Британија, која во 2018 почна сопствени проекти за развој на нов борбен авион „темпест“. Француските функционери изразија надеж дека двата проекти на крајот ќе се обединат.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе