Германците го воскреснаа „пантер“ – тенкот на иднината кој треба да го смени бојното поле (ВИДЕО)

Реномираниот германски произведувач на оружје Рајнметал го покажа својот нов главен борбен тенк на изложба во Париз. Возилото го доби прекарот „пантер“, како еден од најдобрите тенкови на нацистичка Германија.

Скриншот Јутјуб

Главното оружје на тенкот е топ од 130 милиметри со оптимизирани сензори за нишанџијата, а Рајнметал истакнува дека КФ51 „пантер“ е најсмртоносниот тенк на денешното бојно поле.

„Пантер е првиот од својот вид. Радикално поинаков концепт на главен борбен тенк кој не е ограничен од застарената технологија“, наведува компанијата.

Освен што е убиствен, „пантер“ е направен и да пружи високо ниво на безбедност на екипажот со активна, реактивна и пасивна заштита, како и со посебен систем наменет за напади одозгора, што е најголемата слабост на денешните тенкови.

„Пантер е исто така целосно дигитализиран главен борбен тенк, дизајниран во согласност со НГВА стандардот. Освен тоа, системот за ракување и складирање на муницијата е целосно автоматизиран“, истакнува Рајнметал.

Извршниот директор Армин Папергер кажа дека ова е првиот главен борбен тенк кој Рајнметал самостојно и целосно го развил, додавајќи дека „пантер“ целосно ќе ја смени ситуацијата на бојното поле.

Напредниот систем за нишанење овозможува 50 отсто поголем ефикасен дострел од претходниот топ по НАТО стандард од 120 милиматри. Има и митралез со калибар 12,7 милиметри.

„Пантер“ ќе може и да лансира „херо 120“, вид дрон камиказа, кој одредено време може да чека во воздух и да се активира кога ќе забележи непријателска мета.

Рајнметал ќе може да почне со сериско производство на новиот борбен тенк во следните 30 месеци, кога компанијата ќе почне да ги прима првите нарачки.

Познато и озлогласено име

Нацистичка Германија во 1943 година на боиштето ги исфрли првите „пантери“, односно „панцеркампваген V“. Како средно тежок тенк намената му била, пред сè, пресметка со советските тенкови Т-34 и КВ, кои претставувале непријатено изненадување за Вермахтот на источниот фронт.

„Пантер“ се истакнувал по многу нешта. Бил прилично добро оклопен (особено од напред), а косиот оклоп претставувал големо унапредување во однос на другите германски тенкови во тоа време.

Бил релативно брз. Подоцнежните верзии биле многу поиздржливи од првичните, иако во воените кругови преовладувало мислењето дека тенкот е прекомплициран за производство и поправка.

Сепак, за тоа време, имал импресивно главно вооружување – противтенковски топ со калибар 75 милиметри, специјално прилагоден за „пантер“. Должината на цевката и поголемото полнење на гранатите им овозможувале исклучително голема брзина на гранатите и, со самото тоа, голема пробивна моќ.

Иако не со многу голем калибар, топот на „пантер“ имал исклучителен противтенковски потенцијал и можел да го уништи секој сојузнички тенк.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе