Гана направи најголема мрежа за достава на вакцини со дронови во светот

Западноафриканската ја почна вчера најголемата во светот служба за достава на медицински препарати со дронови за која се очекува дека ќе снабди 12 милиони луѓе со вакцини и неопходни лекови.

„Никој во Гана не би смеел да умре затоа што во итен случај не може да добие лек“, изјави ганскиот претседател Нана Акуфо Адо по повод почнувањето на операцијата за достава во источниот град Оменако, локацијата на еден од четирите дистрибуциски центри за дронови.

Дроновите ќе се користат за достава на 148 медицински препарати, лекови и вакцини.

Со доставната служба управува Зиплајн, компанија за роботика од американската Силициумска долина, со поддршка од министерството за здравство на Гана и Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).

До 30 дрона во дистрибуцискиот центар ќе бидат спремни 24 часа да летаат доставувајќи вакцини, вклучувајќи ги оние против жолта треска, детска парализа, сипаници, менингитис и тетанус, во околу 2.000 здравствени установи низ Гана, наведува Зиплајн.

Дроновите, кои можат да носат до 1,8 килограми товар и да летаат со брзина од 110 км/ч, ќе доставуваат и лекови кои спасуваат животи – како серум за каснување на змија и вакцина против беснило, случаи во кои е важна секоја минута, изјави главниот извршен директор на ГАВИ Сет Беркли.

Зиплајн објасни како ќе функционира системот: лекарите и медицинските сестри ќе ги нарачуваат лековите или вакцините преку смс, а достават ќе стигне во рок од 30 минути.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе