Галактичка епидемија: Русија и Европа ја паузираат заедничката мисија на Марс поради коронавирусот

Глобалното влијание на коронавирусот сега ги погоди и вселенските амбиции на човештвото, откако беше објавено дека заедничката програма помеѓу Русија и Европската вселенска агенција за испраќање сонда во Марс е одложена.

Мисијата „Ексомарс“, чија цел е да утврди дали некогаш имало живот на Црвената планета, требаше да почне ова лето.

Сепак, подготовките за амбициозниот проект се ставени во мирување - барем делумно поради ширењето на смртоносниот коронавирус, кој веќе е наречен пандемија.

Лансирањето сега е одложено за 2022 година. Според европската и руската вселенска агенција, епидемијата на ковид-19 ја „компромитирала“ последната фаза од проектот.

Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека одлуката за одложување на лансирањето е „тешка“, но неопходна. Коронавирусот создаде „епидемиолошка ситуација во Европа поради која нашите експерти практично немаат можност да продолжат да патуваат до партнерските индустрии“, објасни тој.

Вирусот, кој почна во кинески Вухан пред повеќе од два месеци, парализира голем дел од Европа. Во Италија, најтешко погодената нација во Европа, владата им нареди на сите компании и служби што не се најнеопходни да го прекинат работењето, во суштина воведувајќи карантин во целата земја.

Додека мисијата „ЕксоМарс“ трпи одложувања, далеку попознатиот заеднички вселенски проект - Меѓународната вселенска станица (ИСС) - сè уште не му подлегнува на коронавирусот. Станицата е резултат на соработката помеѓу Роскосмос, ЕСА, НАСА и јапонската и канадската вселенска агенција. Сепак, нема знаци дека е можно во блиска иднина да се воведат рестрикции во нејзината работа.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе