Вложени 9,1 милијарда евра

Франција го почнуваат тестирањето на најсовремената подморница во светот (ВИДЕО)

Французите ја спуштија во море подморницата „Сифрен“, првата од шесте нови офанзивни нуклеарни подморници.

Новите подморници се способни да лансираат крстосувачки ракети и да превезуваат специјални сили, што на француската воена морнарица ќе ѝ овозможи „генерациски скок“.

Церемонијата на која присуствуваше претседателот Емануел Макрон го означи почетокот на подморниците од класата „баракуда“.

Подморницата е завршена со задоцнување од три години, а ќе мора да мине тестирања на море пред следното лето да ѝ се придружи на флотата во Тулон.

Новата класа подморници „баракуда“ ќе ги замени шесте подморници кои се во служба од почетокот на осумдесеттите години.

„Ова е вистински генерациски скок. Преминуваме од исклучително мала платформа, од околу 2.500 тони, на „баракуда“ која ќе биде два и пол пати потешка“, вели експертот за подморници Партик ван ден Енде.

Цената на подморниците, првично проценета на 7,9 милијарди евра, во меѓувреме порасна на 9,1 милијарда. Последната од шесте подморници треба да влезе во служба во 2030 година.

Освен традиционалните задачи на нуклеарните подморници, ловот на други подморници, заштита на значајни објекти и носење нуклеарни проектили, или собирањето разузнавачки информации близу непријателските брегови, „баракудите“ ќе имаат и две нови мисии.

Тоа сѐ „напади врз копнени мети“ со морнарички крстосувачки ракети со дострел од 1.000 километри кои „Сифрен“ ќе може да ги испалува во плотуни од по четири, како и истоварување специјални сили преку подвижен мост.

„Сифрен“ ќе може независно да оперира до 70 дена на длабочина од 350 метри, соопшти француската дирекција за вооружување.

Доаѓањето на „Сифрен“ се случува во контекст на зголемување на бројот на подморници во светот. Денес ги има повеќе од 450.

Иако САД, Русија, Кина и Британија се единствените земји покрај Франција кои имаат воени подморници на нуклеарен погон, сѐ повеќе земји тежнеат со нив да ги зајакнат своите конвенционални флоти, како Индија и Австралија, или за првпат да се стекнат со нив, како Малезија, Бангладеш и Виетнам.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе