Нова студија

Фосилите покажуваат колку брзо закрепнал животот по големото истребување (ВИДЕО)

Голема ризница од фосили од Колорадо открила детали за тоа како цицачите пораснале, а растенијата се развиле по катаклизмата што ги убила диносаурусите.

Илјадниците примероци им овозможуваат на научниците да ја следат таа историја во траење од 1 милион години, што е само трепнување со око во животниот век на Земјата.

Пред шеесет и шест милиони години, голем метеорит удрил во денешниот полуостров Јукатан во југоисточно Мексико. Тоа предизвикало вжештени бранови на топлина и го исполнило небото со аеросоли што со месеци го блокирале сонцето, убивајќи ги растенијата и животните што зависеле од него.

Изумреле над три четвртини од видовите.

Но животот се вратил, а копнените цицачи почнале да се шират од ситни суштества во широкиот спектар на форми што ги гледаме денес - вклучувајќи нè и нас.

Така, новото откритие го опфаќа „потеклото на современиот свет“, рече Тајлер Лисон, автор на научниот труд што ги објави фосилните откритија во четвртокот во списанието Саенс.

Фосилите, почнувајќи од пред три години, биле најдени на подрачје на стрмнини што се протегаат на околу 17 квадратни километри во близина на Колорадо Спрингс.

Лисон, од Природонаучниот музеј во Денвер, не нашол многу работи на тоа подрачје додека ја следел стандардната практика на пребарување делови од коска. Но тоа се сменило кога тој наместо тоа почнал да бара карпи што може да се оформат околу коската. Кога карпите биле отворени, биле откриени черепи и други фосили.

Лисон вели дека не е јасно за колкав географски регион важи приказната на фосилите за обновата на животот, но тој смета дека тие покажуваат што се случило во Северна Америка.

„Толку малку знаеме за ова насекаде низ светот“, рече тој. „Сега барем имаме фантастична евиденција на едно место“.

Студијата јавува за стотици фосили од цицачи, кои претставуваат 16 видови, и повеќе од 6.000 фосили од растенија. Истражувачите анализирале илјадници зрна од полен за да видат кои растенија биле живи во различни периоди. Анализата на листовите укажала на неколку периоди на загревање во текот на периодот.

 

Приказната на фосилите

Еве ја приказната за обновата што ја раскажуваат фосилите:

Областа била шума пред да удри метеоритот, во која живееле диносауруси како ти рекс и цицачи не потешки од околу 8 килограми.

Набргу по катастрофата, околината била покриена со папрати, а најголемиот жив цицач бил тежок колку стаорец. Светот бил во период на загревање, како што е документирано во претходните студии.

За околу 100.000 години по ударот на метеоритот, во шумата доминирале палми, а цицачите пораснале до тежина на поголема мачка, скоро исто толку големи како и пред паѓањето на метеоритот. „Тоа е прилично брзо закрепнување или барем еден аспект од закрепнување“, рече Лисон.

За 300.000 години фамилијата на оревовото дрво станала разнообразна, а најголемите цицачи јаделе растенија и биле отприлика тешки колку еден голем дабар. Врз основа на некои други студии за нивната исхрана, тие можеби се развивале заедно со тие дрвја, рече Лисон.

За 700.000 години, фосилниот запис го покажува првиот познат изглед на мешункастите растенија, фамилија што ги вклучува грашокот и гравот. А ги открива двата најголеми цицачи пронајдени во студијата, при што поголемите тежат околу 50 килограми, приближно како волк. Тоа е околу 100 пати потешко од цицачите што го преживеале истребувањето, „што мислам дека е прилично брзо“ за раст, рече Лисон.

Од што точно се зголемиле цицачите? Главниот фактор бил исчезнувањето на диносаурусите, по што требало да се пополни еколошката ниша, рече тој. Но квалитетот и видовите на храна веројатно исто така играле улога, рече тој. Истовременото појавување на мешункастите растенија и на поголемите цицачи укажува дека растенијата можеби го дале „моментот на протеински бар“, рече Лисон.

Тој рече дека цицачите се суштества што еволуирале од животните што го преживеале истребувањето или оние што емигрирале од друго место.

Експертите што не работеле на студијата се оптимистични.

Тоа е „досега невиден документарец за тоа како заздравел животот на копно“ по ударот од астероидот, рече П. Дејвид Поли од универзитетот Индијана во Блумингтон. „Големиот број фосилни примероци и квалитетот на нивната зачуваност се исклучителни“ за овој временски период, рече тој.

Фосилната приказна секако претставува што се случило во централна Северна Америка и можеби пошироко, напиша тој.

Стефани Смит од Теренскиот музеј во Чикаго рече дека деталниот фокус на студијата на една област може да им помогне на научниците да ја разберат комплексноста на закрепнувањето кога е комбинирана со резултати од друго место.

Научниците претходно наоѓаа малку докази за тоа што се случило по падот на метеоритот, особено на копно, рече Џин Менг од американскиот Музеј за историја на природата во Њујорк. Новиот труд, рече тој, се чини дека дава „досега најдобра евиденција на Земјата“.

Же-Си Луо од Универзитетот во Чикаго, кој исто така не учествувал во трудот, рече дека извештајот е извонреден во поврзувањето на записите за растенијата, цицачите и температурите, давајќи „холистичка слика“.

Научниците очекуваа дека цицачите заздравеле по изумирањето на диносаурусите, рече тој, а новиот труд „е огромен чекор напред во здравото разбирање како се случило тоа“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе