Фејсбук ќе се бори против дезинформациите за вакцинирањето, СЗО ја поздрави одлуката

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја поздравува одлуката на Фејсбук да почне корисниците кои бараат информации за вакцинирањето на Фејсбук, Инстаграм и други мрежи и форми да ги насочува кон научно проверено факти а не дезинформации.

По неколку месеци преговори со СЗО, Фејсбук вети дека ќе ги насочува корисниците кон „точни и веродостојни информации за вакцините на повеќе јазици“ на страниците на СЗО, објави агенцијата на ОН, за да се обезбеди виталните здравствени пораки да дојдат до луѓето на кои највеќе им требаат.

„Големите дигитални компании имаат одговорност кон своите корисници – да обезбедат да имаат пристап до фактите за вакцинирањето и здравјето“, соопшти СЗО.

„Дезинформациите за вакцините се голема опасност за глобалното здравје со што може да се направи пресврт до деценискиот напредок во борбата против болестите кои можат да се спречат“, се додава.

Смртоносните заразни болести како сипаници, дифтерија, хепатит, полио, колера и жолта грозница можат да се спречат со вакцинирање, кажа СЗО.

Фејсбук во изјава потврди дека „почнува да бара дополнителни начини за да ги поврзе луѓето со меродавни информации за вакцините на Фејсбук и Инстаграм“.

Додаде дека ќе отфрли какви било реклами кои вклучуваат дезинформации за вакцинирањето.

СЗО вели дека вакцинирањето е едно од најголемите на најмоќни достигнувања во историјата на јавното здравство и проценува дека вакцините спасуваат најмалку 2 милиони животи секоја година во светот.

Но дезинформациите за вакцините во последните години се раширија по социјалните мрежи во многу земји – особено за време на големата кампања за спречување детска парализа во Пакистан и имунизацијата против жолта грозница во Јужна Америка.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе