Фајненшал тајмс тврди дека Кина тестирала ракета за напад од вселената, Пекинг негира (ВИДЕО)

Среде опасната ескалација на тензиите меѓи Кина и Тајван, а посредно и со САД, со сè погласни шпекулации за воена интервенција, објавена е информација дека кинеската војска тестирала хиперсонична односно надзвучна ракета со нуклеарен капацитет, односно проектил кој може да се користи за конвенционален и за нуклеарен напад.

EPA-EFE

Веста прв ја објави Фајненшал тајмс, а тестирањето, според британскиот весник, било извршено уште во август, но дури сега е откриено. Ова тестно лансирање демонстрирало нова, напредна способност за лет на ова оружје низ самата вселена, што наводно целосно ги изненадило американските разузнавачки служби.

Кина денес, два дена по објавувањето на веста, ја негираше информацијата, тврдејќи дека во јули тестирала вселенско летало, а не хиперсонична нуклеарна ракета.

Кина демантира

„Тоа не беше ракета, туку вселенско летало“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Жао Лиџијан на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг додавајќи дека тоа бил „рутински тест“ со цел тестирање на технологијата за повторна употреба на леталото.

Министерството соопшти дека тестирањето било спроведено во јули, а не во август како што јави ФТ.

Пет луѓе запознаени со наводниот тест потврдиле, меѓутоа, за Фајненшал тајмс дека кинеската армија тестирала ракета која носела хиперсоничен глајдер кој летал низ ниската орбита и направила полн круг околу Земјата пред да се спушти и да продолжи да крстосува кон својата цел.

Ракетата сепак, според изворите на ФТ, ја промашила целта за триесетина километри, што не е занемарлива оддалеченост во овој контекст. Затоа е спорно колку тестирањето може да се опише како успешно.

„Немаме поим како тоа го направиле“

Сепак, два од трите наведени извори истакнале дека тестот покажал дека Кина постигнала фантастичен напредок во хиперсоничното оружје и дека е поголем отколку што американските служби мислеле.

„Немаме поим како тоа го направиле“, изјавил извор за ФТ.

Експлозивниот извештај, нормално, поттикна нови прашања за опасното американско потценување на кинеските воени капацитети и размерите на модернизацијата на нејзините оружени сили во последните години.

Сите главни воени сили во светот, САД, Русија и Кина, развиваат хиперсонично оружје, вклучувајќи и глајдери – лизгачки проектили, кои во вселената се лансираат со ракета, но околу Земјата кружат под сопствен залет. Летаат петпати побрзо од звукот, што е сепак поспоро од балистички проектил. Но бидејќи овие летала не следат фиксна параболична патека на балистичка ракета и бидејќи со нив, за разлика од проектилите, може далечински да се управува, многу се потешки за следење и, што е поважно, за пресретнување со противракетно оружје.

Особено е загрижувачко тоа што и Северна Кореја соопшти дека во септември тестирала хиперсонична ракета.

Развојот на новиот проектил, наречен Хвасонг-8, ќе ги зајакне одбранбените капацитети на Северна Кореја, објави во септември севернокорејската новинска агенција КЦНА.

„Кина би можела да ги поништи американските противракетни одбранбени системи“

Тејлор Фравел, експерт за кинеската нуклеарна стратегија кој исто така не знаел за тестот, кажал за ФТ дека хиперсоничното оружје со нуклеарна боева глава би можело да ѝ помогне на Кина да ги „поништи“ американските противракетни одбранбени системи кои се дизајнирани за уништување на балистички проектили.

„Хиперсоничните глајдери летаат пониско и можат да се маневрираат во лет, што го отежнува нивното следење и уништување“, објасни Фравел, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). Тој додава дека би било „дестабилизирачко“ ако Кине целосно развие и употреби такво оружје, напоменувајќи дека тестот сепак не мора да значи дека Пекинг ќе ја примени таа технологија.

Оваа потенцијална промена во односот на воените сили на Америка и Кина е особено значајна во контекст на драматичното заострување на односите во последните години кое почна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и продолжува со неговиот наследник Џо Бајден.

Мајкл Галагер, републикански член на одборот за оружените сили на Претставничкиот дом на Конгресот, тврди дека кинескиот тест треба „да се сфати како повик на акција“.

„(Кинеската) Народноослободителна војска сега има сè поверодостојна способност да ја поткопа нашата противракетна одбрана и да се закани на американската татковина со конвенционални и нуклеарни напади. Уште повознемирувачки е фактот дека американска технологија придонела на програмата на хиперсоничните проектили на кинеската армија“, кажа овој конгресмен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе