Европската агенција за лекови: Вакцина за една година, тоа е оптимистичното сценарио

Вакцината за коронавирусот би можела да биде одобрена за околу една година, според „оптимистичното сценарио“, објави денес Европската агенција за лекови.

EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Европската агенција за лекови (ЕМА), комуницирајќи со 33 тима кои работат на развој на вакцина, прави сѐ што може за да го забрза процесот на одобрување на вакцината, изјави шефот на одделот за вакцини на ЕМА Марко Кавалери и додаде дека е скептичен за тврдењата дека вакцината би можела да биде достапна во септември.

„За вакцината, бидејќи развојот почнува од нула, можеме да гледаме од оптимистичен агол за една година, значи на почетокот на 2021“, им кажа тој на новинарите.

Кавалери ја отфрли можноста за исфрлање на третата фаза од тестирањето на вакцината која, како што истакна, е потребна за вакцината да биде сигурна и ефикасна.

ЕМА исто така разгледува 115 различни терапии или лекови за коронавирусот кој во светот однесе речиси 300.000 животи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Кавалери кажа дека некои од тие лекови би можеле да бидат одоберни летоска, но не кажа конкретно за кои станува збор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе