Сѐ уште само визија

Европа го претстави својот проект за борбен авион од следната генерација (ФОТО+ВИДЕО)

Годинешниот аерокосмонаутски салон во Париз беше уште една прилика да се промовира и прикаже концептот на нов европски борбен авион.

Програмата ФЦАС (Future Combat Air System) засега заедно го развиваат Франција, Германија и Шпанија.

Конечно беше прикажан модел на повеќенаменскиот борбен авион НГФ (New Generation Fighter) во размер 1:1, кој ќе ѝ припаѓа на петтата генерација на борбени авиони, иако навлегува и во шестата генерација.

Носители на проектот се Французите, односно компанијата Десо, која заедно со европскиот конзорциум Ербас ѝ го претстави проектот ФЦАС за првпат на јавноста во ноември 2017 година. ФЦАС по 2040 година би требало да ги замени авионите рафал и јурофајтер. Покрај Германија, на програмата годинава ѝ се приклучи и Шпанија кога шпанската министерка за одбрана со своите француски и германски колеги потпиша писмо за намера.

Од Дасо и Ербас на аеродромот Ле Бурж соопштија дека фазата на демонстрација ќе го опфати периодот меѓу 2019 и 2021 година што ќе биде почетна точка за демонстраторите и развојот на технологијата за НГФ, беспилотните борбени системи и системот за размена на податоци и вмрежување, што би ги овозможило првите летови до 2026 година. Потпишувањето на договорите се очекува во четвртиот квартал годинава и тоа по почнувањето на фазата на преговори.

Главен производител на НГФ ќе биде Десо додека Ербас ќе го води развојот на придружните летала „римоут кериерс“ и цела низа системи. Претставникот на Десо Ерик Трапије изјави дека во програмата ФЦАС во последните неколку месеци е постигнат извонреден напредок и дека ФЦАС во следните децении ќе ја формира најрешителната европска програма за воздушна борба и ќе покаже дека тоа е силен чекор во изградбата на суверенитетот на Европа.

Покрај Дасо и Ербас во засега трилатералната програма учествуваат и други компании – произведувачот на сензори Талес, за оружјето е задолжен МБДА, а за моторите Сафран во соработка со МТУ аеро енџинс. Додека во Франција ФЦАС би го заменил рафал, во германија јурофајтер, Шпанија има потреба до 2030 година да ја замени целата флота американски борбени авиони Ф/А-18 хорнет. Шпанија е заинтересирана и за американскиот Ф-35.

ФЦАС би требало да биде самостојна европска програма во која нема да учествуваат САД. Новиот авион нема и не може да го спречи американскиот Ф-35 да доминира на пазарот на борбени авиони, бидејќи речиси половина од светскиот пазар е веќе резервирана за овој борбен авион од петтата генерација. Меѓутоа, ова е еден од обидите на Европа или барен еден нејзин дел во иднина делумно да се ослободи од големата зависност од американската борбена технологија. Својата посветеност на развојот на НГФ Германија го покажа со елиминирањето на Ф-35 како потенцијален кандидат за замена на нејзините борбени авиони торнадо.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе