Една од мистериите на сончевиот систем конечно решена, благодарение на солена вселенска карпа

Една вселенска загатка што одамна ги збунува научниците конечно е решена благодарение на солената површина на една комета и на неколку вредни истражувачи.

Истражувањата одамна покажуваат дека кометите имаат 10 пати помалку азот отколку што треба, врз основа на научното разбирање за тоа како се формираат. Ова ги збуни експертите и предизвика потрага по исчезнатиот елемент.

Тајната ја открила кометата по име 67П/Чурјумов-Герасименко, која беше „посетена“ од вселенското летало Розета на Европската вселенска агенција. Сондата направи еден куп слики од кометата и анализата открила дека нешто апсорбира дел од светлината што се одбива од нејзината површина.

Група истражувачи од Универзитетот на Гренобл во Франција и други европски институции создадоа лажни комети во лабораторија и симулираа најразлични состави за да пробаат да дознаат кои соединенија ја цицаат светлината.

Притоа, тие налетале на овој „исчезнат“ азот што ги збунуваше истражувачите во целиот свет. Излегло дека ефектот на апсорпција е предизвикан од амониумските соли на површината на кометата.

Освен што може да го реши прашањето со азотот, овој напредок може да помогне да се објасни како азотот можеби бил донесен на Земјата од комети и како се формирале гасните гиганти во нашиот сончев систем.

Истражувањето беше објавено во списанието Саенс во петокот.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе