Џиновска дупка се отвори на Антарктикот, научниците бараат објаснување (ВИДЕО)

Пукнатина во мразот поголема од Холандија се отвори на Антарктикот, а начуниците работат на тоа да утврдат како се случило тоа.

„Пукнатината во мразот е исклучително вредна за нашето внимание“, истакна професорот Кент Мур од универзитетот Торонто во Канада. „Изгледа како некој со чекан во мразот да направил огромна дупка“.

Регионот составен од вода опкружена со мраз на руски се нарекува полинија. Тие обично се формираат на Арктикот и Антарктикот, но во крајбрежните области.

Полинија за првпат, благодарение на сателитите, била забележана во седумдесеттите години од минатиот век во Веделовото Море, источно од Антарктичкиот Полуостров.

„„Дупката“ повторно се отвори годинава, по четириесет години“, додаде Мур.

Тогаш научниците имале ограничени можности за проучување на овој феномен.

„Во тоа време научните институции едвај почнуваа да ги користат првите сателити за правење снимки на морето од вселената“, објаснува метеорологот Торџ Мартин. „Мерењата во Јужниот Океан и понатаму бараат големи напори, па се прилично ограничени.

Професорот Моџаб Латиф објаснува дека Јужниот Океан е исклучително слоевит.

„Многу студени, но релативно свежи слоеви вода ги прекриваат потоплите и посолени слоеви, што претставува еден вид изолација“, објаснува тој.

Во одредени услови водата станува потопла, што се пренесува до самата површина, поради што ледот почнува да се топи.

„Тоа е како отворање вентил за ослободување притисок, океанот го ослободува вишокот притисок во атмосферата неколку последователни зими додека резервоарот топлина не се исцпри“, објаснува Латиф.

Научниците сега работат на тоа да дознаат колку често се случува полинијата и дали е таа последица на климатските промени, пренесува Индипендент.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе