Снимка од дрон

Два руски мразокршачи се сретнаа ноќе на Арктикот (ВИДЕО)

Два руски нуклеарни мразокршачи се сретнале некаде во бескрајното белило на Арктичкиот Океан, овозможувајќи невообичаена глетка.

На снимката, објавена од руската нуклеарна агенција Росатом, се гледаат бродовите Тајмир и Вајгач како речиси ги допираат крмите, за потоа да се постават еден покрај друг.

За некои интернет корисници, ноќната снимка направена со дрон е речиси „еротска“.

Сретнувањето на мразокршачите е рутинска процедура, со цел размена на резерви, товар или екипаж меѓу бродовите кои осамени поминуваат големи далечини. Сепак, ретко се случува пред камерите.

Тајмир и Вајгач се два брода од истата, 152-метри долга класа на нуклеарни мразокршачи, кои можат да пробијат мраз дебел до два метри и да работат во екстремни временски температури до -50 Целзиусови степени. Тие имаат и плитко дно, што им овозможува да влезат во устијата на сибирските реки кои излегуваат на Северната поморска рута.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе