Два астероиди неделава ќе пролетаат крај Земјата, соопшти НАСА

Ако на Гугл и Твитер пребарувате астероид 2000 Кју даблју 7 (2000 QW7), ќе сретнете зборови како „непријателски“, „профучи крај Земјата“ и „паника“. Не паничете.

Астероидот 2000 Кју даблју 7 е една од двете големи вселенски карпи што ќе поминат покрај Земјата оваа недела. НАСА сака сите да знаат дека ќе има големо растојание меѓу нас и нив. Во соопштението на НАСА во четвртокот беше истакнато дека астероидот 2000 Кју даблју 7 и астероидот 2010 Ц01 не претставуваат закана за нашата планета.

Прв ќе биде астероидот 2010 Ц01, со големина од околу 120 до 260 метри и ќе пролета кон крајот на 13 септември. Следниот е 2000 Кју даблју 7, голем 290 до 650 метри. Тој ќе помине рано на 14 септември.

„Двата астероиди минуваат на околу 14 лунарни растојанија од Земјата, или на далечина од околу 5,6 милиони километри, но мали астероиди цело време минуваат толку блиску покрај Земјата“, изјави офицерот на НАСА за планетарна одбрана, Линдли Џонсон.

НАСА со години ги следи астероидите и добро ги познава нивните орбити. Не соопштува за секој астероид што доаѓа блиску до Земјата затоа што ги има премногу. Тие се класифицирани како објекти близу Земјата (НЕО) затоа што влегуваат во нашето космичко соседство, но ниту еден не е загрижувачки во овој момент.

Астероидот 2000 Кју даблју 7 е интересна карпа. Астрономите го нарекоа „невообичаена светлина“ кога беше откриен во 2000 година. Пак ќе ја посети нашата вселенска област во 2038 година, кога ќе се приближи и повеќе, но сепак ќе помине безбедно.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе