Дунав во последните два века се скратил 134 километри

Дунав се скратил 134 километри во текот на последните два века поради човечките активности, се наведува во извештај објавен денес.

Меѓународната студија на речните седименти исто така покажала дека Дунав станал и потесен и до 40 отсто од средината на 19 век, соопшти Баварската канцеларија за заштита на животната средина.

Извештајот вели дека промените се предизвикани од интервенции за рамнење на речниот тек, но и од мерките за заштита од поплави и градењето брани.

Поради овие човечки интервенции седиментот повеќе не можел да минува низ Дунав до Црното Море. Наместо тоа, се таложел на бреговите на реката трајно менувајќи го нејзиниот облик.

Со своите 2.850 километри, Дунав е втората најдолга река во Европа, по руска Волга.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе