Друг милијардер ќе стигне во вселената 9 дена пред Безос

Ричард Бренсон ќе биде на летот на 11 јули.

Фото: ЕПА / Вирџин галактик

Џеф Безос на 20 јули оди на, како што ја нарекува, својата „најголема авантура“ - но основачот на Амазон нема да може да ја добие титулата „прв милијардер што отишол во вселената со свое вселенско летало“.

Основачот на Вирџин галактик, Ричард Бренсон, во четвртокот објави дека ќе биде на пробниот лет на 11 јули со ракетниот авион ВСС Јунити, што значи дека ќе стигне до подорбиталниот простор девет дена пред Безос, пренесува Гардијан. Вирџин галактик и компанијата Блу ориџин на Безос ќе се натпреваруваат за клиенти на пазарот на вселенскиот туризам, а леталата ќе ги носат клиентите на неколкуминутен престој на работ на вселената.

Вирџин галактик вели дека целта на летот на 11 јули е да ги процени бестежинската состојба, удобноста на седиштата и глетките кон Земјата од кабината. Брансон рече дека му е „чест“ да помогне неговиот бизнис да им нуди „уникатно искуство на клиентите“. Објавата на Бренсон дојде неколку часа откако Безос откри дека 82-годишната Воли Фанк, жената што пред 60 години „растурила“ на тестовите за астронаут, но била одбиена од НАСА, ќе биде на летот на 20 јули, заедно со неговиот брат и со победникот на 28-милионската добротворна аукција.

Њујорк тајмс објави дека кога Брансон го прашале во средата дали се обидува да го претрка Џеф Безос до вселената, тој се насмеал и рекол: „Кој е тој Џеф?“

Форбс објави дека титулата прв милијардер во вселената ја има софтверскиот архитект со унгарско потекло Карол Симони во 2007 година, кој е единствениот што отишол двапати.

„На секои 90 минути гледате пролет, гледате есен, го гледате Арктикот, ги гледате тропските предели, гледате ноќ, гледате ден“, рече Симони во 2015.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА / Вирџин галактик

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе