Дронови во САД за првпат им доставија лекови на пациенти (ВИДЕО)

Дронови на мултинационалната поштенска компанија УПС за првпат доставија лекови во двор на приватна куќа и дом за постари лица во САД, објави компанијата.

Со летот во петокот во градот Кери во Северна Каролина, подружницата на УПС Флајт форвард ги победи конкурентите во трката за тој голем пазар.

Друг дрон достави лекови од аптека на јавната површина во рамки на дом за постари и изнемоштени лица.

Пакетите со големи на помала кутија за чевли беа спуштени од дроновите кои лебделе на висина од шест метри.

Тоа се првите летови изведени во рамки на програмата што ја одобри американската Сојузна управа за воздушен сообраќај.

Регулаторите сѐ уште ги досредуваат правилата според кои беспилотните летала ќе оперираат во американскиот воздушен простор. Прецизни насоки се очекуваат во 2021 година.

Флајт фоврад и стартап компанијата Матернет потпишаа низа договори за достава на биолошки примероци во неколку медицински установи.

Винг, оператор на дронови во сопственост на компанијата на Гугл Алфабет, се здружи со аптеките Валгринс и Федералните пошти (Федекс) за домашни достави во Кристијанбург во Вирџинија.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе