Драматичен извештај на ОН: Животот на Земјата е пред масовно изумирање

Човечките активности во многу скора иднина од само неколку децении би можеле да предизвикаат изумирање на околу милион видови, предупредува нацрт-извештајот кој денес го објавија Обединетите нации.

Олку брзото изумирање на билките и животните веќе се нарекува шесто масовно изумирање. Масовните изумирања во минатото секогаш биле предизвикувани од катаклизмични настани од големи размери како удари на големи астероиди или масовни вулкански ерупции. Овојпат причината е човекот.

Како најважни причини за уништувањето кое ѝ се заканува на нашата планета се наведуваат претераната консумација на ресурсите, неконтролираниот лов, сечата на шумите и штетните емисии од согорувањето на фосилните горива. Четврт од сите познати видови билки и животни веќе се загрозени, а размерите на нивното исчезнување се десетици или стотици пати побрзи од просекот во последните 10 милиони години.

Извештајот, кој на 1.800 страници го состави меѓудржавното тело Интергаверментал сајенс-полиси платформ он бајодајверсити енд екосистем сервисис (ИПБЕС), е заснован на над 15.000 академски трудови и истражувања, а една од клучните идеи е да ги предупреди политичарите на најдобрите можни начини на борба со климатските промени.

Минатата недела авторите на извештајот во Париз одржаа низа состаноци со претставници на властите на повеќе од 130 држави во обид на документот да му дадат конечна, доработена форма.

Според документот, околу 75 отсто од копното, околу 50 отсто од реките и езерата и околу 40 отсто од сите мориња и океани веќе покажуваат сериозни знаци на пропаѓање предизвикано од човечките активности.

Од 1980-тите до денес емисиите на гасови со ефект на стаклена градина предизвикани од согорувањето на фосилни горива се удвоиле, а просечната температура пораснала за најмалку 0,7 Целзиусови степени, тврдат научниците.

„Би кажал дека извештајот најверојатно ќе се толкува со констатација во стилот „Навистина сме во неволја“, меѓутоа постојат решенија“, изјави за Би-би-си лидерот на ИПБЕС професорот Боб Вотсон.

„Нашиот извештај ќе зборува за размерите со кои го губиме биодиверзитетот и за степенот до кој е можно да го заштитиме во иднина“, додаде сер Вотсон.

Во извештајот, меѓу другото, се истакнува дека начините на кои се користи земјата и се расчистуваат шумите за земјоделство во комбинација со зголемената консумација на месо истиснале голем број видови од нивните природни живеалишта. Истовремено, претераниот риболов ги десеткувал рибите во морињата низ светот.

Документот предвидува и дека изумирањето во следните децении најверојатно ќе продолжи да забрзува.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе