Досега невидени детали од внатрешноста на Б-52: Подготовка на американски пилот за нуклеарен напад (ВИДЕО)

За време на симулација на нуклеарен напад снимена е внатрешноста на американскиот бомбардер Б-52, а благодарение на снимката во јавност се појавија досега невидени детали.

На симката се гледаат подготовките за стратегиско полетување на бомбардерот, вклучувајќи и палење на моторите. Првиот детал кој досега не е откриван е контролната табла за нуклеарното оружје.

Така на 27 секунди од снимката може да се видат прекинувачите за активирање на нуклеарното оружје, отклучување на оружјето (од лева страна) и копчето за активација.

Потоа во 35 секунда од снимката се гледаат две копчиња. Горното е прекинувач за автоматско или рачно придвижување. Бидејќи е одбран мануелниот режим, пилотот мора да го притисне копчето за да изврши нуклеарен напад.

На крајот на снимката може да се види дека пилотот носи таканаречен ПЛЗТ шлем. Целта на шлемот е да ги заштити очите на пилотот од блесокот на нуклеарната експлозија, бидејќи таа може да ги заслепи и до 10 минути.

Шлемот има провидни кристали кои автоматски се обојуваат кога ќе детектираат интензивна светлина. Обично се херметички спакувани, објаснува порталот Ејвиејшнист.

Снимките ги направил Џеф Болтон, кој е првиот човек кој објавил видео-снимка од кабината на бомбардерот Б-52 за време на лет.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе