До 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика од риби

Според податоците на Обединетите нации 30 отсто од рибите се веќе отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика од риби.

Колку пати од продавница сме излегле со пластична кеса, па подоцна сме ја изгубиле не размислувајќи за тоа дека таа на нашата планета ќе остане подолго од нас.

Пластичните кеси се произведуваат од полиетилен, нафтен дериват кој се разградува дури илјада огдини, а отровните хемикалии при тој процес стигнуваат во тлото, езерата, реките и морињата.

Според проценката на американскиот Завод за заштита на животната средина, светската потрошувачка на пластични кеси го достигна годишното ниво од 1.000 милијарди парчиња.

Од тоа, само еден отсто се рециклираат поради високите трошоци – поскапо е да се рециклира пластична кеса отколку да се прозиведе нова.

Природата го плаќа најголемиот данок, бидејќи останатите 99 отсто ги загадуваат морињата, реките и езерата, ветерот ги разнесува по копното, канализацијата ги носи во водите...

Забележани се безброј документирани случаи на умирања на животни кои, сметајќи ги пластичните кеси за храна, ги голтнале, а потоа умирале во болки од запек или неможност за понатамошно хранење.

Десетици илјади китови, птици и желки секоја година умираат поради пластичните кеси во морињата.

Исто така, има голем број случаи во кои птици, риби, желки или други животни се заплеткувале во нив и со денови умирале мачејќи се.

Бројни земји низ светот ја сфатија опасноста која ја претставуваат пластични кеси, поради што голем број од нив или ги забранија или воведоа давачки на нивната употреба.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе