Директорот на Мерцедес за драстичните промени што го очекуваат светот: „Ќе живееме подолго од 100 години“

Директорот на компанијата Мерцедес бенц Дитер Зече изјави во разговор објавен на 16 јули дека наместо произведувачите на автомобили главни конкуренти му се Тесла, Гугл, Епл и Амазон, и ги наведе „драстичните промени“ кои нѐ очекуваат во следните 20 години.

Зече кажа дека Убер ќе стане најголемата такси служба во светот, а Ербиенби најголемата хотелска компанија. Тој кажа и дека американските адвокати ќе останат без работа бидејќи системот Ај-би-ем Вотсон за неколку секунди дава правни совети со 90 отсто точност, додека точноста на советите на правниците е само 70 отсто.

Директорот на Мерцедес предвидува дека во 2030 година „компјутерите ќе станат поинтелигентни од луѓето“, а веќе следната година ќе се појават самоуправувачки автомобили за јавна употреба.

Според него, до 2020 година целата автомобилска индустрија ќе биде нарушена бидејќи „никој повеќе нема да сака да купи автомобил“.

„Ќе повикате автомобил да дојде по вас, а тој ќе ве одвезе до одредиштето. Нема да мора да паркирате, ќе може да правите нешто друго за време на возењето и само ќе платите за минатата одалеченост. Нашите деца нема да имаат возачки дозволи, ниту ќе бидат сопственици на автомобили“.

Зече смета и дека автомобилите на самоуправување ќе спасат милиони животи секоја година бидејќи драматично ќе го намалат бројот на несреќи во целиот свет.

„Повеќето автомобилски компании најверојатно ќе банкротираат, а технолошките компании (Тесла, Епл, Гугл) со револуционерен пристап ќе произведуваат компјутери на тркала. Голем број инженери од Фолксваген и Ауди се преплашени од Тесла“, изјави Зече.

„Електричните автомобили ќе станат вообичаени околу 2020 година. Во градовите нема да има толкава врева, а електричната енергија ќе стане неверојатно евтина. Така и водата ќе стане евтина и чиста“, смета тој.

Тој тврди и дека ќе се случи крах на медицинската индустрија поради уредот Трајкодер Екс кој може да ја идентификува „речиси секоја болест“ и ќе биде широко достапен.

Зече додаде и дека мобилните телефони до крајот на оваа година ќе имаат вградена опција за 3Д скенирање, а 3Д принтерите ќе бидат толку широко распространети што ќе можеме да си ги скенираме стапалата, а потоа дома да си принтаме чевли.

„Во следните 20 години ќе исчезнат 70 до 80 отсто од работните места. Секој план за успех создаден во 20 век осуден е на пропаст во 21 век. Што и да сте планирале, заборавете го тоа ако не можете да го завршите преку мобилниот телефон“, предупредува тој.

„Апликацијата наречена „мудис“ (Moodies) веќе преку изразот на лицето ќе може да го препознае вашето расположение. До 2020 година ќе бидат развиени слични апликации кои ќе можат да разликуваат дали ја зборувате вистината или не. Замислете ја политичката дебата во која можеме да видиме кој е искрен а кој лаже“, вели Зече.

Тој смета и дека биткоинот ќе стане главна валута во светот, а очекуваниот животен век ќе се продолжи на над 100 години.

„До 2020 година 70 отсто од луѓето во светот ќе имаат смартфони, што значи дека ќе имаат пристап до врвно образование низ целиот свет“, тврди првиот човек на Мерцедес.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе