Денеска е најдолгото помрачување на месечината што ќе се случи во овој век

Делумното помрачување на месечината што се очекува денеска ќе трае три часа и 28 минути и ќе биде најдолгото во 21 век.

Фото: Роберт Атанасовски

Претходното најдолго помрачување се случи во 2018 година и траеше еден час, 42 минути и 57 секунди.

Делумно помрачување на Месечината се случува кога Земјината сенка не ја покрива целосно Месечината. Во овој случај, 97% од површината на Месечината ќе бидат покриени.

Во 21 век, меѓу 2001 и 2100 година, ќе има 228 затемнувања на месечината - во некои години ќе има по две, а во некои години три или дури четири.

Помрачувањето на 19 ноември ќе биде второ оваа година, по целосното помрачување во мај 2021 година. Повеќето помрачувања траат помалку од два часа.

НАСА објави дека во живо ќе го пренесува помрачувањето на месечината. На овој линк може да го следите помрачувањето што се случува вечерва во седум часот по средноевропско време.

НАСА објави дека доколку временските услови го дозволат тоа, помрачувањето ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе