Дел од вселенското летало Аполо 11 сѐ уште може да е во орбита околу месечината

Исфрлениот дел од вселенското летало Аполо 11 што помогна астронаутите да се вратат од првата посета на површината на месечината сѐ уште може да е во орбита околу природниот сателит, и да не е урнато, како што се мислеше досега, вели Њу саентист.

На 20 јули 1969 година астронаутите на НАСА Нил Армстронг и Баз Олдрин влегоа во историјата како првите двајца луѓе што слетале на месечината. Тие ја напуштија месечинската површина еден ден подоцна со лендерот Игл, состанувајќи се со астронаутот Мајкл Колинс во командниот модул во месечевата орбита. Празниот систем за полетување беше исфрлен, наводно, во правец кон уривање на површината на месечината, додека астронаутите тргнаа кон дома.

Џејмс Меадор, вљубеник во вселената од Калифорнија, вели дека тој можеби никогаш не се урнал. Вршејќи симулации за предвидената орбита на системот за полетување со помош на софтвер на НАСА, тој открил дека системот и денес би требало да орбитира околу Месечината, приближно на иста височина - околу 100 километри – на која бил оставен. Месечината нема атмосфера, што значи дека таму ништо не може да предизвика триење за да го повлече вселенското летало во пониска орбита, за разлика од Земјата.

„Игл беше напуштен во месечевата орбита, сите едноставно заборавија на него, а претпоставката беше дека се урнал на месечината уште пред неколку децении“, вели тој. Но симулациите на Меадор покажуваат дека неговата орбита денес можеби сѐ уште е стабилна и дека тој кружи околу Месечината на секои 2 часа. „Некако е лабаво“, вели тој. „Тој е горе-доле таму каде што беше пред 52 години“.

Ако леталото, кое е со пречник од околу 4 метри, е во орбитата, може да се открие со радар од Земјата. Огромниот радиотелескоп Аресибо ќе можеше да го стори тоа пред да се уништи минатата година, но достапни се и други големи радарски објекти. „Би било одлично да одвоите неколку часа радарско време и да го барате“, вели Меадор.

Другото вселенско летало Аполо што ја посети Месечината најверојатно веќе не е во орбитата, бидејќи повеќето од системите за полетување беа намерно урнати на месечината за да произведат сеизмички бранови за сеизмометрите што астронаутите ги оставија на површината. Не е јасно дали леталото Аполо 11 сѐ уште е недопрено, бидејќи истекувањето на горивото може да предизвикало негово распаѓање, но доколку е така, тоа може да биде интригантно откритие.

„Многу луѓе би биле навистина возбудени да слушнат дека ова нешто сѐ уште постои“, вели Меадор. „Би било неверојатно да се врати на Земјата и да се стави во музеј“.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе