Со телескопот ТАС

Црна дупка голтна ѕвезда, НАСА ја сними (ВИДЕО)

НАСА ни отвори уште еден прозорец кон чудата на вселената: објави видео во кое се гледа како црна дупка распарчува ѕвезда во галаксија оддалечена милиони светлосни години.

Неверојатната снимка од „катаклизмичниот феномен“ ја направил ловецот на планети на НАСА, сателитот ТЕСС.

Астрономите сметаат дека супермасивната црна дупка тежи околу 6 милиони пати повеќе од сончевата маса и дека се наоѓа на околу 375 милиони светлосни години оддалеченост, во галаксија со слична големина на Млечниот Пат, соопшти НАСА.

Неверојатниот настан е многу редок и се појавува еднаш на секои 10.000 до 100.000 години во галаксии како Млечниот пат.

Кога ѕвездата премногу ќе се приближи, силната гравитација на црната дупка ја распарчува и ја претвора во гасен млаз, вели НАСА. Како што е прикажано во видеото, опашот на тој млаз се одвојува од црната дупка и се исфрла во вселената, додека другите негови делови паѓаат во црната дупка формирајќи диск од врел сјаен гас.

Научниците веруваат дека ѕвездата во видеото можеби била со иста големина како нашето сонце.

Настанот, именуван АСАССН-19бт, првпат беше откриен на 29 јануари од страна на телескопската мрежа за автоматско истражување на супернови, светска мрежа од 24 роботски телескопи со седиште во Државниот универзитет Охајо.

НАСА вели дека научниците биле во можност да набљудуваат само околу 40 такви нарушувања во историјата, а ТЕСС успеал да сними едно од нив по лансирањето во април 2018 година.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе