Крај на една ера

Човекот што го дизајнираше ајфонот заминува од Епл

Британецот сер Џонатан Ајви, кој за две децении му помогна на американскиот технолошки џин Епл да стане највредната компанија во светот, најави заминување и формирање сопствена компанија Лавфром.

Дизајнерот н ајмек, ајпод и ајфон ќе формира нова компанија до крајот на годината, а првиот клиент ќе му биде Епл, јавува Би-би-си.

„Ова изгледа како природен и мирен момент за промена“, кажа Ајви.

„По речиси 30 години и безброј проекти, најмногу сум горд на трајната трага што ја оставивме зад себе, создавајќи го дизајнерскиот тим на Епл, процесот и културата кои немаат конкуренција“, изјави сер Џон.

Ајви стана шеф на дизајнерското студио на Епл во 1996 година, во момент кога компанијата беше во лоша финансиска состојба и делеше откази. Пресвртот почна во 1998 година со ајмек на Ајви, а продолжи во 2001 со ајподот и во 2007 со ајфонот и низа други популарни уреди.

Меѓу последните проекти на Ајви е завршувањето на новата централа на Епл, ултра модерниот комплекс Епл парк.

Шефот на компанијата Тим Кук изјави дека важноста на неговата улога во препородот на Епл не може доволно да се истакне.

Технолошкиот џин во моментов минува низ големи промени, истакнува Би-би-си. Шефицата на секторот за малопродажба Анџела Арендтс замина од компанијата во април, а инвеститорите се загрижни поради падот во продажбата на ајфонот.

Од Епл вчера соопштија дека позицијата на Ајви ќе ја преземат шефовите на дизајнерскиот тим – Еванс Хенки ќе стане потпретседателка за индустриски дизајн, а Алан Дај потпретседател за дизајн на корисничкиот интерфејс.

За новиот проект на Ајви сѐ уште ништо не се знае, освен дека Лавфром ќе биде формиран во Калифорнија, а некои медиуми известуваат дека, меѓу другото, компанијата ќе се фокусира на мобилни технолошки уреди.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе