Честички загаден воздух пронајдени и во феталната страна на плацентата

Полутантите, или честичките загаден воздух, биле пронајдени и во феталната страна на плацентата, од страната на бебето, што укажува дека неродените деца се директно изложени на честички јаглерод, како резултат на сообраќајот и согорувањето на гориво, пренесува Гардијан.

Ова е прво истражување, објавено во списанието Нејчр комјуникејшнс, кое покажува дека честичките вдишени од мајката можат да поминат преку плацентната бариера. Во секоја анализирана плацента биле забележани илјадници ситни честички на кубен милиметар ткиво.

Корелацијата помеѓу нивото на загадување на воздухот и зголемениот број на абортуси, предвремено родени деца или намалена тежина кај новороденчињата е утврдена и претходно. Сепак, оваа студија сугерира дека за тоа би можеле да бидат директно одговорни полутантите, а не само воспалителните процеси кои се одвиваат во телото на мајката заради нечистиот воздух.

За време на студијата, истражувачите анализирале 25 плаценти на жени, непушачи, кои живееле во градот Хаселт, а каде нивото на загадување на воздухот е значајно пониско од границата зададена од ЕУ, но повисока од онаа препорачана од Светската здравствена организација (СЗО).

Во секоја плацента пронашле наночестички на феталната страна на плацентата, а нивниот број зависел од нивото на загадување на воздухот на кое била изложена мајката. На пример, бремените жени кои живееле во близина на главните улици во просек во плацентата имале 20.000 наночестички на кубен милиметар. Оние кои живееле подалеку од прометните улици просечно имале 10.000 честички на кубен милиметар.

Научниците исто така ја анализирале плацентата на жени кои абортирале и откриле дека честичките биле присутни и кај фетуси постари од 12 недели. Откривањето на честички на загадувачи на феталната страна на плацентната бариера значи дека постои голема веројатност дека неродените деца се директно изложени на наночестички. Сега е во тек анализа на феталната крв и истражување кое ќе се обиде да открие дали честичките на загадувачите предизвикуваат оштетување на ДНК.

„Навистина е тешко да се дадат некои совети, сите треба да дишеме“, рече докторот и водител на истражувањето, Тим Наврт од универзитетот Хаселт во Белгија.

„Но, можеме да ги избегнуваме главните прометни улици што е можно повеќе. Само неколку метри подалеку, загадувањето на воздухот е значително помал“, додаде тој.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе