Целосно помрачување на Сонцето ја воодушеви Јужна Америка (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници набљудувачи се собраа вчера во Јужна Америка за да сведочат на ретката појава тотално помрачување на Сонцето, јавуваат агенциите.

Тргнувајќи од насока на Тихиот Океан, појасот на видливото помрачување се протегаше преку Чиле и Аргентина и овој спектакл може да го набљудуваат, освен локалните ентузијасти, и најмоќните телекскопи на светот.

Гледачите на овој природен феномен можеа да уживаат во сите фази на целосното помрачување проследени со неверојатни светлосни ефекти. Ги видоа Бејлиевите бисери, сјајен прекршен светлосен прстен околу Месечевата плоча кој настанува поради географските извишувања, односно ридовите и планините на Месечината, и феноменот наречен Дијамантски прстен кој го обележува почетокот и крајот на целосното помрачување.

„Помрачувањето на Сонцето целосно ве опчинува“, изјави астрономот Патрик Мекарти.

„Проблемот е што ви се чини, без оглед колку трае, дека сѐ е готово за десетина секунди. Сакам да извикам: Врати се, врати се, сѐ уште не сум готов со снимањето“, додаде тој.

Мекарти, потпретседател на проектот на големиот телескоп Магелан (ГМТ), кој се гради во пустината Атакама во Чиле, кажа и дека набљудувањето на помрачувањето на Сонцето е исклучително чувство.

„Боите стануваат сини, сенките се менуваат и сѐ на Заемјата изгледа поинаку. Како светот да станува потемен и ги губи своите разновидни бои“, кажа тој.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе