Целата опрема на Хуавеј за 5Г мрежата мора до 2027 година да се отстрани од Британија

Британската влада им забрани на британските телеоператери купување антени и каква било друга опрема за 5Г мрежата која ја произведува Хуавеј, јавува Би-би-си.

EPA-EFE

Одлуката важи од 31 декември натака, а освен тоа телеоператерите мора да ја отстранат целата опрема на таа кинеска компанија од своите мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални прашања Оливер Дауден денес му ја соопшти оваа одлука на британскиот парламент.

Минатата година САД му воведоа санкции на Хуавеј, тврдејќи дека компанијата претставува закана за националната безбедност, што Хуавеј го негира.

Дауден кажа дека оваа одлука ќе го одложи воведувањето на 5Г мрежата за една година.

„Оваа одлука не беше лесна но е правилна за нашите мрежи и националната безбедност и економијата, сега но и долгорочно“, кажа тој.

Владата со ова сака да се одалечи од Хуавеј како произведувач на опрема за 5Г мрежата во таа земја. Сепак, владата верува дека ќе воведе 5Г за две години.

Дауден објасни и дека рокот за отстранување е поставен до 2027 година бидејќи земјата не сака да зависи само од Нокија како единствен произведувач на опрема.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе