Битка за оклопните возила

Бугарија ќе купува 150 транспортери за 746 милиони евра (ВИДЕО)

Бугарската војска издвоила 746 милиони евра за набавка на 150 борбени возила со тркала за пешадијата, со кои ќе ги замени старите оклопни гасеничари од советската ера.

Софија со тоа се приклучува на сѐ подолгата листа на земји што механизираните единици ги префрлаа од гасеници на тркала.

Бугарија, како и другите држави во регионот, сака да го замени во краток рок оружјето од времето на Студената војна. Во рамките на програмата за модернизација беше избран застарениот борбен авион Ф-16, а сега се бара ново борбено возило за пешадијата.

Проектот повеќе пати беше одложуван поради недостиг од пари, но сега се чека на конечниот избор од понудите.

По повеќегодишно преиспитување на потребите и собирање податоци од разни произведувачи Бугарите дефинираа што сакаат: 90 возила во верзија борбени возила на пешадијата и 60 возила за огнена, борбена, логистичка и инженериска поддршка.

Остана уште да се избере произведувачот во зделката вредна 746 милиони евра. За неа во моментов се борат швајцарски МОВАГ (европската подружница на американски Џенерал дајнамикс ленд системс) и финска Патрија. Швајцарците го нудат пешадиското борбено возило „пирана 5“, кое на Балканот веќе го избра Романија. Финците на тендерот учествуваат со „патрија АМВ“, кое го користи Хрватска.

Од трката излегоа Германците поради понудата која беше поголема од цената од 746 милиони евра. Французите се повлекоа со возилото ВБЦИ бидејќи не ги добија очекуваните државните преговори на државно ниво.

Во планот кој го усвои бугарскиот парламент стои дека е потребно да се оспособат три борбени групи на ниво на баталјони (со по 30 пешадиски возила, плус возила за поддршка) за операции за одбрана на земјата и одбрана на сојузниците од НАТО врз основа на членот 5 на Вашингтонскиот договор кој ја дефинира колективната одбрана на Северноатлантската алијанса.

Главната карактеристика на оклопните возила треба да биде можноста за превоз на трупи и високото ниво на оклопна заштита од сите страни, што го исполнуваа сите фирми кои учествуваа во тендерот.

Иако во „финалето“ влегоа МОВАГ и Патрија, искуствата со набавките на оружје во Бугарија кажуваат дека натпреварот за вредната зделка сѐ уште не е завршен.

Првичниот план беше уште во текот на 2018 да почне исплатата на авансот на потенцијалниот набавувач и целата набавка да се исплати на рати до 2029. До крајот на 2019 требаше да бидат испорачани 12 возила, сите борбени возила до крајот на 2023, а возилата за поддршка до 2029 година.

Ништо од тоа не се случи и очите на сите понудувачи се насочени кон државниот врв на Бугарија.

Понудите за ново оклопно возило со тркала за бугарската војска беа претставени уште пред неколку години, дури и пред усвојувањето на официјалниот документ за проектот за набавка во парламентот во Софија.

Џенерал дајнамикс уште во 2017 година ги претстави можностите на возилото „пирана 5“ на полигонот Тилбето во Бугарија. Тестирањето траеше три дена и возилото беше опремено со современ комуникациски систем, а од вооружување ја имаше автоматизираната купола „самсон“, на израелската државна компанија Рафаел, со топ со калибар од 30 милиметри и противоклопни ракети.

Финците „патрија“ ја претставија во живо, исто така на полигон во Бугарија уште во 2018 и понудија трансфер на технологијата. „Патрија“ исто така има израелска автоматизирана купола, со топ од 30 милиметри и противоклопни ракети, со тоа произведувач е мултинационалната компанија Елбит системс.

На почетокот на оваа година во приказната се вклучи и малку познатата американска фирма ТАГ, која од 1992 година произведува различни видови оклопни возила, а бизнисот го разви со производството на МРАП возилата за американската и европските војски.

Американците го понудија и борбеното пешадиско возило „мастиф“ во верзии 8х8 и 6х6 и тоа во сите верзии – но Бугарите ја одбија понудата бидејќи тендерската постапка веќе беше во тек.

Бугарија планира големи инвестиции во војската, но сите набавки се оптоварени со политиката и до последен момент не се знае што и од кого ќе купи.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе