Британската полиција сака да спречува злосторства пред да се случат

Британската полиција планира да спречи насилни злосторства користејќи ја технологијата на вештачка интелигенција, јавува Њу сајентист.

Полицијата не мисли преку вештачката интелигенција да ја надгледува моменталната состојба на криминалот во општеството, туку да предвиди криминални обиди во иднина. Иновативниот систем би требало да издвојува поединци со потенцијално ризично однесување и да им понуди грижа и советување за со тој процес да се спречат можни незаконски активности на тие поединци во иднина.

Системот Нешнал дејта аналитикс солушн (НДАС) користи комбинација од вештачка интелигенција и статистичка анализа за да процени колкава е веројатноста некој да изврши злосторство или да биде жртва на насилен злочин.

Полицијата на англиската грофовија Вест Мидлендс го води проектот и планира до март 2019 да претстави прототип на системот. Во проектот се вклучени и полициски оддели на други градови, како одделот од Лондон или Манчестер. Системот е дизајниран така што во иднина ќе можат да го користат сите полициски служби на Британија.

„Во последните години сѐ помалку финансиски се инвестира во британските полициски оддели па на полицијата ѝ е потребен систем кој би го олеснил следењето на сите поединци кои веќе го прекршиле законот и со тоа останеле обележани во системот. Така би се издвоиле лицата на кои интервенцијата, односно советувањето им е најпотребно“, вели лидерот на проектот, полицаецот Иан Донели.

Тимот кој работи на проектот ја анализирал локалната и националната база на податоци и со помош на софтверот издвоил 1.400 фактори кои влијаат на повисоката стапка на криминални активности. Технологијата на вештачка интелигенција на системот НДАС ќе ги користи тие фактори за да предвиди кои поединци имаат слична шема на криминални активности, споредлива со претходно извршените прекршоци снимени во базата на податоци, но кои во моментот не извршиле кривични дела опфатени со новата програма.

„Што ќе направиме и како ќе ги советуваме издвоените поединци сѐ уште не е утврдено. За тоа сѐ уште расправаме“, вели Донели и додава дека идејата за НДАС системот не е означените лица да се уапсат пред да го извршат кривичното дело, туку локалните социјални и здравствени служби да им пружат соодветно советување.

Но, еден од водечките институти кои се бават со анализа на научните податоци изрази загриженост откако ја доби на увид почетната верзија на системот. Научниците од лондонскиот институт Алан Туринг забележале „сериозни етички проблеми“ и се двоумат дали овој модел на прединтервенција, односно интервенција кога кривичното дело не е сѐ уште извршено е добар за јавноста, а не е ни 100 отсто сигурно дека поединецот ќе изврши некакво кривично дело во иднина.

„Базирајќи ги своите предвидувања врз минати криминални активности, аналитичкиот апарат може да го ограничи полициското истражување на веќе познати локации, но и да ги зајакне предрасудите“, вели криминологот Ендрју Фергусон од универзитетот Колумбија.

Мартин Инес, шеф на британскиот институт Крајм енд секјурити рисрч институт е скептичен околу новиот проект и смета дека НДАС нема да може со сигурност да предвиди криминални активности на индивидуално ниво.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе