Британската морнарица тестираше летечко префрлање маринци (ВИДЕО)

Британската морнарица тестираше нов, дури и футуристички, начин на префрлање на брод – со користење млазен ранец или џетпек.

Screenshot: Youtube

На снимката која ја објави британската компанија Гравити индастрис се гледа како маринците го користат таканаречениот „млазен ранец“ за да се префрлат на друг брод.

Може да се види дека војникот без какви било проблеми полетува и во рекордно време слетува на палубата.

Џетпекот на компанијата Гравити користи четири млазни мотори кои се монтираат на грбот на корисникот и кои даваат 1.000 коњски сили потисок. Благодарение на дизајнот, корисникот на опремата може рачно да ги прилагоди брзината и насоката на движење.

Гравити исто така соработува со британските итни служби за да им овозможи на болничарите во рекордно време да стигнат до оддалечени области.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе