Британците планираат да му се спротивстават на рускиот систем С-400

Помошникот за потенцијал и борбена готовност на началникот на Генералштабот на британското воено воздухопловство Џулијан Бол предупреди на заканата од рускиот ракетен систем.

Заканата од рускиот противвоздушен систем С-400 „триумф“, подвижниот крајбрежен ракетен систем „бастион П“ и оперативно-тактичкиот ракетен систем „искандер“ бараат итна реакција од Британија, изјави Бол.

Тој на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „Егзибишн 2019“ соопшти дека условите кои ги создава Русија ги доведуваат во прашање капацитетите на Британците во случај на потреба брзо да се реагира на променлива ситуација.

Тој истакна дека зоните на ограничување на пристапот и маневрите (А2/АД) кои Русија ги создала со помош на системите С-400, „бастион П“ и „искандер“ ќе ја доведат во прашање способноста на Британија брзо да реагира на ситуација која се менува.

А2/АД (ограничување и забрана на пристапот и маневрите) е концепт на зауздување на противникот, обично со систем на вооружување, како и со создавање зголемена опасност за разместување или преместување на силите во заштитена област.

Пентагон во март 2019 година тврдеше дека Русија ги проширува своите капацитети за намалување на пристапот и маневрите (А2/АД) во областите на Балтичкото и Црното Море.

Американски воени експерти тврдат дека технологијата А2/АД е дизајнирана така што ја ускратува слободата на движење на противникот на борбеното поле. Големите зони на забрана на пристап во воен жаргон се викаат меури, или ракетни меури.

Ракетните меури му овозможуваат на корисникот да одбие каков било пристап до воздушниот простор во тие области и значително да ги ограничи капацитетите на противникот за време на активна битка.

С-400 „триумф“ е современ систем за противвоздушна одбрана со долг дострел, предвиден за уништување авиони, крстосувачки и балистички ракети, вклучувајќи ги и тие со среден дострел, а може да се користи и против копнени цели. Неговиот дострел е 400 километри и тој може да уништува цели на висина до 30 километри.

„Бастион“ е крајбрежен ракетен систем предвиден за уништување бродови од различна класа и типовите кои влегуваат во составот на десантните единици – конвои, ударни групи бродови и ударни групи на носачи на авиони, како и поединечни бродови во услови на интензивна огнена и електронска борба.

„Искандер“ е семејство на тактички ракетни системи. Главната задача на овие системи е уништување на противвоздушните и противракетните системи за одбрана на противникот, како и најважните објекти кои тие ги покриваат, во дострел од 500 километри.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе