Бразилски геолози ја откриле Атлантида?

Бразилски геолози изјавиле дека во јужниот Атлантик, на 1.500 километри од брегот, во висина на Рио де Жанеиро, откриле карпа што би можело да биде дел од Атлантида, континентот што потонал пред 100 милиони години, при одвојувањето на Африка и Јужна Америка.

Парче од гранитната карпа отркиена на дното на океанот
Роберто Вентура Сантос, лидерот на тимот на експерти на Геолошката служба на Бразил (ЦПРМ), кој пред две години, за време на анализата на океанското дно, открил примероци од гранит, карпа што може да се најде само на копно, а не и во море, кажал дека тоа може да биде доказ за постоењето на древната Атлантида, пренесува Ројтерс.

„Тоа би можело да биде бразилската Атлантида. Речиси сме убедени во тоа, но потребно е нашата хипотеза да ја потврдиме со нови докази“, истакнал тој.

„Конечниот научен доказ ќе го добиеме оваа година по новите дупчења и анализата на подводната карпа“, објаснил Вентура Сантос во изјавата за весникот Глобо.

Тој прецизирал дека минатиот месец група истражувачи од Бразил и Јапонија извршиле истражување на геолошкото морско дно по должината на бразилскиот брег.

„Врз основа на тие анализи почнавме да согледуваме дека целата таа област би можела да биде дел од Атлантида, континентот што исчезнал во морето пред многу милиони години“, истакнал Вентура Сантос.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе