ЕСА

Божиќ на Марс: неверојатни слики покажуваат марсовски кратер исполнет со мраз (ФОТО)

Европската вселенска агенција (ЕСА) направила неколку неверојатни слики од кратер на Марс исполнет со воден мраз.

Иако присуството на течна вода на планетата останува непотврдено, ние веќе некое време знаеме дека Марс има поларни ледни покривки, па дури и годишни времиња.

Овие слики го прикажуваат кратерот Королев, јужно од северниот пол на планетата. Тоа е обележје со дијаметар од 80 километри и, како што може да се види, цела година до врв е полно со мраз.

Кратерот Королев бил создаден од силен удар некогаш во минатото на Марс и е именуван по советски ракетен инженер од 1950-тите.

Тој е длабок околу 2 километри и содржи приближно 2.200 кубни литри мраз.

Кратерот е познат како „студена стапица“, која буквално го заробува реткиот марсовски воздух што се движи над мразот. Пониската температура предизвикува воздухот да „седи“ врз мразот и да дејствува како изолатор.

Оваа слика е направена од леталото Марс експрес, кое е во орбита над Црвената планета, фотографирајќи со стереокамера со висока резолуција.

Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА ја направи оваа слика на Марс, на која се гледа мраз на јужниот пол

Објавено

Петок, Декември 21, 2018 - 12:46

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе