Бош разви брз тест за коронавирусот, резултатите во рок од три часа

Германскиот технолошки џин Бош разви брз тест за коронавирусот, а Сименс најави воспоставување мрежа за 3Д печатење на делови од медицински уреди.

Целосно автоматизираниот тест дава резултатите за помалку од два и пол часа, а наменет е за употреба во болниците, докторските ординации и други здравствени установи, се наведува во соопштението на компанијата.

Има „точност поголема од 95 отсто“ и ги задоволува стандардите на квалитет на Светската здравствена организација СЗО, истакнуваат од Бош.

Во моментов резултатите од тестирањата за коронавирусот во Германија се чекаат четири до пет часа, а поради надворешните лаборатории кои го извршуваат клучниот дел од работата понекогаш и подолго, истакна институтот Роберт Кох.

Тестот на Бош би требало да овозможи целата постапка да се извршува во болниците или клиниките, односно на лице место.

Компанијата го развила во рок од шест недели, а во Германија треба да биде достапен од април, а потоа и во другите земји.

Според портпаролката на компанијата, сѐ уште се чекаат одобрувањата од надлежните тела иако некои лаборатории во одредени околности веќе можат да добијат пристап до технологијата.

Сѐ уште не се знае колку ќе чини.

И индустрискиот конгломерат Сименс се придружи вчера во борбата против коронавирусот, најавувајќи формирање мрежа на 3Д печатачи кои лекарите ќе ги поврзе со компаниите за 3Д печатење на медицинска опрема.

Мрежата треба да го ублажи акутниот недостиг на опрема како респиратори, соопшти компанијата. Сименс обезбеди 120 печатачи за потребите поврзани со коронавирусот, соопшти портпаролката, додавајќи дека очекува на иницијативата да се придружат и други компании.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе