Ербас маверик

Авионот на иднината – губење време или нова реалност? (ВИДЕО)

Компанијата Ербас претстави модел за кој верува дека може да биде иднината на дизајнот на патничките авиони.

Моделот маверикна Ербас, претставен на Саемот на авијацијата во Сингапур, со новиот дизајн се обидува да ѝ пркоси на долгогодишната традиција трупот на авионот да биде во облик на цевка.

Моделот, кој е во почетната фаза на развојот, го следи дизајнот на едно големо крили, концепт кој главно се користи кај воените авиони.

Ербас го почна проектот во 2017 година и почна со тестирањата на мал модел со далечинско управување во 2019 година.

Иако изгледа како да е од научно-фантастичен филм, авионите со дизајн како тој на маверик би можеле да станат реалност.

Имајќи предвид дека авионот ќе биде многу поширок, внатрешноста на леталото ќе биде поинаку организирана, и ќе има повеќе простор.

„На почетокот многумина го офрлија проектот „Маверик“ и го нарекоа хоби или, со други зборови, проект од кој Ербас не може многу да научи“, кажа Адријан Берар, лидерот на проектот.

„Значи, моравме да им докажеме дека грешат, покажувајќи дека можеме да пружиме многу солидна основа за идната конфигурација на авионите“, додаде тој.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе