Аветинска снимка открива како е на Марс (ВИДЕО)

Засега никој не ја знае површината на Марс подобро од роверот Кјуриосити на НАСА. Роботскиот истражувач повеќе од седум години шета низ црвената планета, патувајќи по марсовскиот терен на своите четири тркала.

Фото: скриншот

Ние пак, обичните смртници, досега можевме само да си замислуваме како изгледа и звучи студената, сува, пуста планета. Ова ново видео снимено од Кјуриосити нè носи на површината на Марс како да сме таму, откривајќи ја мистериозната, аветинска убавина на неплодниот пејзаж на планетата.

Сега веќе виралното видео на Твитер беше објавено од профилот Чудо на науката (Wonder of Science), привлекувајќи го вниманието на љубителите на планетата, бидејќи беше ретвитувано над 40.000 пати. Го привлече дури и вниманието на извршниот директор на Спејсекс, Илон Маск.

Вселенскиот претприемач постојано ги искажува своите амбициозни планови за населување на црвената планета и на видеотвитот одговори со едноставна фраза: „Судбина“.

На видеото, површината на Марс изгледа како сурова, но сепак убава пустина, со песокот и карпите што се протегаат низ сувиот пејзаж на планетата. Ова сепак не е звук и снимка од еден ист момент.

Снимката е надополнета со звукот на марсовските ветрови што дуваат во заднината, снимени од лендерот Инсајт на НАСА, кој слета на Марс во ноември 2018 година.

Марс денес е сув, пуст свет, но научниците веруваат дека некогаш станувало збор за топла, влажна планета што можеби била домаќин на некаква форма на микробиолошки живот. Но во текот на милијардите години Марс ја загубил својата атмосфера и, како резултат на тоа, својата вода, претворајќи се во денешниот студен, сув свет.

Видеокомпилацијата навистина го доловува чувството да се биде на друга планета, подвиг што луѓето се надеваат дека ќе го постигнат до 2030-тите, како дел од плановите на НАСА да ја испрати првата човечка мисија на Марс.

Кјуриосити беше лансиран во вселената во ноември 2011 година и слета на Марс на 5 август 2012 година. Одеше по стапките на своите претходници Соџурнер, Опортјунити и Спирит, а наскоро ќе му се придружи и роверот Персевиренс, која треба да слета на Марс на 18 февруари.

Роверот Кјуриосити со големина на автомобил беше испратен во двегодишна мисија да открие дали Марс некогаш имал соодветни услови за да поддржува живот во текот на својата рана историја. Но повеќе од седум години подоцна, роверот сè уште талка по марсовската површина барајќи траги и собирајќи докази.

Во еден момент, роверот Кјуриосити временски се преклопи со Опортјунити на црвената планета пред вториов трагично да го загуби животот среде една од најлошите бури со прашина што го погоди Марс.

Откако слета на Марс во 2012 година, Кјуриосити шеташе по кратерот Гале и откри езеро што можеби содржело вода пред милијарди години и околина што можела да поддржи живот на микроби.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе