Астрономите пронајдоа егзопланета со необична орбита

Егзопланета со маса од околу 70% од таа на Јупитер и околу 1,4 пати поголема од него открија астрономите во индиската лабораторија за физички истражувања (ПРЛ). „Џинот“ е оддалечен 752 светлосни години од Земјата и има неверојатна орбита.

Фото: ЕПА

До новото откритие дојде Индиската организација за вселенско истражување, а во вторникот објави соопштение во кое се вели дека нејзиниот спектрограф за трагање по планети ПАРАС ги мерел движењата на новооткриената егзопланета помеѓу декември 2020 и март 2021 година.

Планетата, наречена или ХД 82139 или ТОИ 1789, во зависност од тоа кој метод на каталогизација се користи, е ултражешка - со температура на површината до 2.000 Келвинови степени (околу 1.700 Целзиусови).

Индискиот спектрограф со оптички влакна ПАРАС ја набљудувал егзопланетата и нејзините движења од опсерваторијата на планината Абу, според вселенската агенција. Не само што планетата е ултражешка, туку е и една од досега откриените планетите што најблиску орбитираат околу својата ѕвезда.

Егзопланетата има невообичаено брза орбита - само 3,2 дена. Темпото покажува дека нејзиното растојание од ѕвездата домаќин е една десеттина од растојанието помеѓу Меркур и Сонцето. Ова ја прави егзопланетата една од помалку од 10-те такви соларни системи откриени досега. Со оглед на блискоста до нејзината ѕвезда домаќин – која е 1,5 пат поголема од масата на Сонцето – новата планета е и една од планетите со најмала густина досега откриени.

Планетите што се толку блиску до нивните ѕвезди домаќини, со растојание помало од 0,1 астрономски единици и маси од 0,25 до неколку пати поголема од масата на Јупитер, се познати како „жешки Јупитери“.

Индиската вселенска агенција го поздрави откривањето на новата планета како можност „да го подобриме нашето разбирање за различните механизми одговорни за инфлацијата во жешките Јупитери и формирањето и еволуцијата на планетарните системи околу ѕвездите што се развиваат и стареат“. Ова е втората планета откриена од ПАРАС, а претходното откритие се случи во 2018 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе