Астрономите можеби најдоа месечина што орбитира околу осамена планета без ѕвезда

Астрономите можеби пројдоа месечина како орбитира околу далечна осамена планета. Иако планетата не орбитира околу ѕвезда, нејзината месечина е голема приближно колку Земјата и е доволно топла за да има течна вода на површината, карактеристика неопходна за живот како нашиот.

Фото: НАСА

Мери Ен Лимбах од Универзитетот Тексас А & М и нејзините колеги извршиле серија пресметки во обид да утврдат дали осамените планети би биле добри места за барање месечини надвор од нашиот сончев систем, наречени егзомесечини. Иако имаше неколку експериментални откритија за можни егзомесечини, ниту едно од нив сѐ уште не е потврдено.

Тие откриле дека би требало да е релативно лесно да се откријат егзомесечините што орбитираат околу големи осамени планети, бидејќи нема отсјај од ѕвездата-домаќин што ја додава несаканата бучава на сликите. Во таков систем, главен извор на светлина би била самата планета, која ќе продолжи да свети со топлината генерирана при нејзиното формирање, што ќе ја олесни потрагата по месечина во орбитата. За до 15 проценти од осамените планети се очекува да имаат месечини што минуваат помеѓу нив и Земјата, блокирајќи дел од нивната светлина и овозможувајќи ни да ги откриеме месечините, вели Њу саентист.

Во текот на нивните истражувања, истражувачите ги сортирале архивските податоци од вселенскиот телескоп Спицер и биле изненадени кога нашле кандидат за егзомесечина околу една од двете осамени планети што веќе ги набљудувале, систем наречен 2МАСС Ј1119-1137 АБ.

„Ние всушност не баравме месечини“, вели Лимбах. „Со Спицер се забележани десетина од овие планети како слободно лебдат, и ние ги проучувавме за да го откриеме нивото на внатрешна варијабилност што треба да го очекуваме од, на пример, облаците“.

Ова откритие сѐ уште е мошне несигурно, вели таа, но ако таму има егзомесечина, веројатно е околу 1,7 пати поголема од масата на Земјата и кружи околу планета од 3,7 до 9,2 пати поголема од масата на Јупитер. Потенцијалната месечина прима приближно исто количество зрачење од својата планета колку што Земјата добива од сонцето. „Од површината на овој објект, планетата на небото би била поголема отколку што месечината изгледа од Земјата со фактор 10 или 20, така што би имале џиновска топка со светлечки црвен жар на небото“, вели Лимбах.

Таа и нејзиниот тим планираат да продолжат со набљудувањата со копнени телескопи за да го проверат ова откритие. Нивната студија покажа дека други егзомесечини околу осамени планети би требало лесно да се детектираат со вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој треба да проработи во декември.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе