Астрономите можеби ја најдоа најблиската црна дупка до Земјата

Оваа црна дупка - ако навистина е тоа - се наоѓа толку блиску до Земјата што може да го видите нејзиниот ѕвезден систем без телескоп.

Набљудувањата покажуваат дека ѕвездениот систем оддалечен 1.000 светлосни години, наречен ХР 6819, содржи невидлив извор на маса што влијае врз ѕвездата придружник - со други зборови, црна дупка. Откривањето на една од овие „тивки“ црни дупки, што значи дека не емитува зрачење кон Земјата, им дава надеж на астрономите дека во иднина ќе можат да забележат повеќе.

„Сметаме дека огромното мнозинство црни дупки во Млечен Пат се тивки црни дупки, можеби вкупно стотина милиони, а ние откривме само 100“, вели Мериен Хеида, постдокторски соработник во Европската јужна опсерваторија, за Гизмодо. „Ова е навистина само гребење по површината во таа смисла“.

Научниците почнаа да го набљудуваат овој систем на ѕвезди уште во 2004 година, согледувајќи дека станува збор за прилично типичен пар ѕвезди орбитирани од трета ѕвезда. Но кога се обидоа да ги „отплеткаат“ светлините на трите ѕвезди, сфатија дека една од внатрешните ѕвезди не е таму. Нивните пресметки открија дека една нормална ѕвезда не би можела да се скрие во светлината на втората ѕвезда и дека, со маса најмалку 4,2 пати поголема од Сонцето, овој невиден предмет би бил преголем за да биде неутронска ѕвезда. Заклучиле дека тоа мора да е црна дупка.

Возбудата околу овој предмет е двојна: прво, далечината од 1.000 светлосни години е навистина мала, космички гледано. „Според обемот на Млечен Пат, таа ни е во двор, скоро на нашиот праг“, вели авторот на студијата Дитрих Баад, почесен астроном во Европската јужна опсерваторија, за Гизмодо. Второ, астрономите речиси секоја друга црна дупка ја открија врз основа на начинот на кој испушта рендген-зраци откако ја исцицала и ја раскинала материјата на придружникот. Оваа црна дупка не емитува рендген-зраци што ние можеме да ги видиме. Налетувањето на тивка црна дупка олку блиску до нас укажува дека би можело да има многу повеќе системи како овој.

Некои од астрономите со кои зборувал Гизмодо рекле дека анализата е недоработена. „Импресивно е што успеале да најдат нов кандидат за црна дупка што ни се крие пред очи околу толку светла и добро проучена ѕвезда“, вели д-р Карем Ел-Бадри од Катедрата за астрономија во УК Беркли, кој не бил вклучен во студијата. Но тој истакнува дека авторите мора да се потпрат на претпоставка за да ја пресметаат видливата маса на ѕвездата, и ако таа претпоставка е погрешна, тогаш невидливиот предмет може да биде помалку масивен - и потенцијално неутронска ѕвезда или дури и многу лесна обична ѕвезда - воопшто не црна дупка.

Вонредната професорка на универзитетот во Окланд, Џ.Џ. Елдриџ, за Гизмодо вели дека не смета дека анализата е доволна за да се тврди дека е откриена црна дупка. „Овој систем веројатно е пообичен“, рече таа. „Обичното објаснување е дека тој може да има само две ѕвезди... од кои едната има диск околу себе (Бе-ѕвезда), наместо три ѕвезди, од кои едната е црна дупка“, каде што Бе-ѕвезда се однесува на третата ѕвезда што орбитира околу другите две.

Сето ова се поврзува со еден разговор за друг троен систем што неодамна беше во вестите, наречен ЛБ-1, за кој се смета дека има огромна црна дупка со маса 70 пати поголема од онаа на Сонцето. Последователните анализи отворија сомнеж дали тој систем имал толкава маса - а поновите трудови се сомневаат дали ЛБ-1 воопшто има црна дупка. Авторите што стојат зад најновото дело тврдат дека ЛБ-1 има црна дупка што е многу помалку масивна од првичните процени, додека Елдриџ смета дека ниту еден од двата системи не содржи црна дупка.

Без оглед, ова би било само една црна дупка во Млечен Пат, со милиони или милијарди сè уште неоткриени. Овие истражувачи ќе тргнат во потрага по повеќе системи како ХР 6819 со надеж дека ќе можат да откријат повеќе тивки црни дупки.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе