По децении во вселената

Астрономи тврдат дека ја виделе „Снупи“, долго изгубената капсула од Аполо

Тим научници веруваат дека го нашле загубеното вселенско летало „Снупи“ од мисијата Аполо 10, и покрај тоа што шансите за тоа беа 235 милиони спрема еден, и се шегуваа за идејата дека Илон Маск треба „да го донесе Снупи дома“.

Два месеци пред Аполо 11 да слета на Месечината, мисијата Аполо 10, составена од командниот модул „Чарли Браун“ и лунарниот модул „Снупи“, пробно ги изведе сите операции освен слетување на Месечината.

Чарли успеа да се врати дома, но Снупи беше загубен во вселенското пространство што орбитира околу Сонцето, или барем така мислевме. Педесет години подоцна, тим научници, предводени од астрономот Ник Хоус, мислат дека го нашле леталото.

Снупи се „шуткал“ лево-десно поради гравитационите полиња на Месечината, Сонцето и Земјата, што значело дека астрономите морале да пребаруваат низ терабајти од податоци собрани од широка област за да се обидат да го пронајдат изгубениот другар на Чарли Браун.

„Сè додека некој навистина не му се приближи и не добие детален радарски профил, не можеме да бидеме сигурни“, изјави Хоус за Челтенхам саенс фестивал, додавајќи дека кога би можеле убаво да го видат леталото, „тоа би било навистина фантастично достигнување за науката“.

Иако таа можност можеби е далечна околу 18 години, Хоус гласно се прашува дали има шанси Снуп да се врати на Земјата. Но тој признава дека научната вредност би била минимална, а цената би била астрономска.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе