Неверојатна фотографија

Астроном снимил „потенцијално опасен“ астероид упатен кон Земјата (ФОТО)

Астрофизичарот и астроном д-р Жанлука Маси од Проектот за виртуелен телескоп во Италија ги набљудувал ѕвездите на 17 јануари кога успеал да сними неверојатна слика - астероид упатен кон нас.

Додека Маси го набљудувал небото во раните утрински часови во петокот, се појавил астероидот 2020 АН3. Научникот успеал да ја штракне оваа неверојатна фотографија на астероидот - само еден од илјадниците потенцијално опасни астероиди што еден ден би можеле да ја погодат Земјата - додека се наоѓал на приближно 3,1 милиони километри од нашата планета.

Иако на фотографијата личи на обична точка, се проценува дека астероидот има дијаметар меѓу 230 и 510 метри. Експозицијата од 180 секунди ја доловува вселенската карпа додека се движи кон Земјата, а должината на експозицијата предизвикува сите ѕвезди во заднината да личат на линии.

„Телескопот го следи очигледното движење на астероидот“, рече Маси за својата неверојатна фотографија.

Вселенската карпа била следена од Центарот за истражување објекти блиски до Земјата на НАСА и се наоѓа на списокот на ризични астероиди на Европската вселенска агенција, но била откриена дури неколку дена пред нејзиниот близок пристап кон Земјата.

Таа е еден од неверојатните 88 нови објекти близу Земјата што се забележани досега годинава.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе