Астронаутите во вселената ќе добијат микробранова печка. Испратена им е со ракета (ВИДЕО)

Микробрановата печка е испратена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за атронаутите да можат да изведуваат експерименти со колачиња, пренесува Би-би-си.

Товарната капсула со специјалната „вселенска микробранова“ и состојките за колачињата беше лансирана вчера од американската сојузна држава Вирџинија.

Астронаутите би требало да тестираат како високите температури и нултата гравитација влијаат врз формата и конзистенцијата на колачињата.

Тоа ќе биде првото печење колачиња во вселената, истакнува Би-би-си.

Хотелскиот синџир Хилтон Дабл три, кој ги обезбеди состојките, соопшти дека „историскиот кулинарски експеримент“ би требало во долготрајните престои во вселената да донесен „вкус на дома“.

Капсулата Сигнус понесе уште невообичаена опренма, вклучувајќи делови од спортски автомобили и елек за заштита од радијација.

Астронаутите на ИСС ќе ја тестираат удобноста на елекот, а италијанскиот произведувач на автомобили Ламборгини испрати примероци од карбонски влакна за да се утврди како врз нив влијае директно вселенско зрачење.

Капсулата тешка 3.700 килограми треба да стигне на ИСС утре.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе