Меѓуѕвезден тенис

Астронаутите одиграа историски натпревар во двојки во вселената (ФОТО+ВИДЕО)

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ИСС) го одиграа првиот тениски меч во вселената, докажувајќи дека недостигот од гравитација не е сериозен проблем ако имате јака серва.

Во партнерство со УС Опен, командантот Андреј „Дру“ Фејстел и неговите членови на екипажот - инженерите за летови Серена Онан-Ченселор, Рики Арнолд и Александер Герст - учествуваа на првиот натпревар во „вселенски двојки“, кој беше емитуван на Земјата со помош на 3Д-проекции.

Астронаутите користеле помали рекети за да ја погодат топката преку мрежата, која лебдела во средината на импровизираниот терен на ИСС. Правилата биле малку променети, поради отсуството на гравитација, па на играчите им било дозволено да ги удираат топките од подот и покривот, како и под мрежата.

„Фактот дека немаме гравитација отежнува“, рече Фејстел пред натпреварот.

„Топките не отскокнуваат, а гравитацијата нема ефект. За мене, тоа ќе изгледа како онаа стара игра понг, каде што ја погодувате топката и топката оди право; таа не отскокнува од ништо.“

Играта беше проектирана на скулптура во облик на глобус, лоцирана во Флешинг Медоус парк во Квинс, Њујорк, кој ќе биде домаќин на четвртиот и финален турнир грен слем на годината - УС Опен.

Според организаторите на УС Опен, идејата за меѓуѕвездениот натпревар имала цел да ги инспирира младите тенисери да ги уриваат границите и да „посегнуваат по ѕвездите“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе