Нова студија докажува

Астероидот што ги убил диносаурусите ги закиселил океаните и го уништил и морскиот свет

Добро е познато што се случило со диносаурусите пред 66 милиони години кога огромен астероид ја погодил Земјата кај денешно Мексико: тие изумреле.

Но за точната судбина на разновидниот свет во океаните на нашата планета (школкастите амонити, џиновските мозасауруси и други морски суштества) не се знаеше многу.

Нова студија сега вели дека џиновскиот астероид за кој се верува дека го прекинал владеењето на диносаурусите имал слично уништувачко влијание врз океаните на Земјата, предизвикувајќи масовно изумирање со тоа што ги претворил светските води во киселина и го нарушил синџирот на исхрана.

Тим научници ги реконструирале условите во океаните околу времето на ударот на астероидот, пред околу 66 милиони години, а нивното епохално ново истражување се чини дека ја потврдува долгогодишната теорија за последното големо масовно истребување на Земјата.

Користејќи камења од моментот на ударот и ситни школкасти фосили наречени фораминифера, научниците откриле дека океаните станале толку кисели по ударот што морските организми што своите школки ги правеле од калциум карбонат не би можеле да преживеат, бидејќи нивните тврди делови би биле целосно изедени од киселината.

Студијата, која се појави во списанието „Списи од Националната академија на науки“, е првото откривање докази дека карпите богати со сулфур, од ударот исфрлени надалеку и нашироко, истуриле огромни количества кисели дождови во светските океани, ги збришале шумите на планетата, предизвикале цунами во океаните и довеле до неизбежно уништување и на земја и во море.

„Тоа е моментална ацидификација, а ги трансформирала екосистемите за милиони години“, објасни Ноа Планавски, еден од авторите на студијата, за Њујорк тајмс. „Бевме шокирани што воопшто го најдовме ова“.

Во истражувањето вината за масовното истребување се префрла комплетно на астероидот, бидејќи не се откриени докази за поддршка на една друга теорија - дека вулканската активност ги направила океаните покисели пред да погоди огромната вселенска карпа.

Моменталната ацидификација (закиселување) и масовното истребување, иако се древни настани, се важни за нашиот современ свет. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации, човековите емисии на јаглерод диоксид не само што ја загреваат планетата, туку и ги закиселуваат океаните. А тоа модерно закиселување, вели д-р Планавски, се случува со брзина и обем што може да се спореди со закиселувањето предизвикано од астероидот. Сличен резултат, рече тој, „е најлошата варијанта на она што би можеле да го добиеме во следните 100 години“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе