Астероидот што денеска минува крај Земјата ќе ни се приближи скоро колку месечината (ФОТО)

Уште еднаш астероид пролетува брзо и блиску до Земјата, приближувајќи се на минимално растојание од 487.000 км, што е нешто повеќе од просечната орбита на Месечината.

Астероидот 2019 УМ12, кој е голем до 69 метри во дијаметар и патува со брзина од околу 50.000 километри на час, беше откриен од НАСА дури на 24 октомври. Оваа вселенска карпа никогаш досега нема поминато низ овој дел од вселената и веројатно никогаш повеќе нема да помине.

За среќа, луѓето со моќни телескопи успеаја да го снимат 2019 УМ12 во сета негова раскош.

Оваа слика го покажува астероидот на пат низ нашата околина. Трагите што се гледаат на фотографијата се ѕвезди, а астероидот се гледа како единствена светла точка на растојание од приближно 1,15 милиони километри од Земјата.

Астероидот е околу 3,7 пати поголем од вселенската карпа што помина крај Земјата на половина од лунарното растојание на 4 ноември.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе