Не го видоа навреме

Астероид што може да збрише град прозуи крај Земјата, ги изненади научниците

Голем астероид тукушто профуче покрај нашата планета, а астрономите не го очекуваа.

Астероид што може да уништи цел град минатата недела помина крај Земјата - а научниците не го забележаа сè до само еден ден пред да прозуи близу нас.

Карпата, наречена Астероид 2019 ОК, беше широка 57 до 130 метри. Не беше доволно голема за да предизвика изумирање од типот на тоа на диносаурусите, но научниците го нарекоа „убиец на градови“ што може да срамни цел град.

Кога бил најблиску до планетава летал на 73.000 километри од Земјата, односно помалку од една петтина од растојанието до месечината, според Вашингтон пост. „Непријатно блиску“, вели еден астроном за весникот.

Ако астероидот удреше во Земјата, судирот ќе предизвикаше разорна штета, вели Мајкл Браун, вонреден професор по астрономија на универзитетот Монаш во Австралија.

Астероидот ги изненади научниците. Астрономските тимови во Бразил и во САД го открија дури во средата, само еден ден пред да прелета близу Земјата.

„Отсуството на предупредување покажува колку брзо потенцијално опасните астероиди можат да ни се прикраднат“, вели Браун.

Астероидот 2019 ОК успеа да ги избегне набљудувачите, бидејќи е релативно мал во споредба со другите големи астероиди. А патуваше со брзина од околу 87.000 километри на час. Освен тоа, рефлектирал светлина само колку да биде „уловен“ со телескоп кога бил на неколку дена од Земјата, па дури и тогаш астрономите требало да гледаат кон вистинското место во вистинското време.

Кога 2019 ОК се доближил до нашата планета, секој што има двоглед можел да го забележи како светла точка што полека лета низ небото, напиша Браун. Но неколку дена пред тоа, тој бил 1.000 пати поблед и било потешко да се забележи. Освен тоа, патувал навистина брзо по чудна елиптична орбита што го турнала зад Марс (во близина на астероидниот појас) сè до орбитата на Венера, со што се создале услови тој да помине малку време во близина на Земјата, изјави Браун за Вашингтон пост.

НАСА веќе открива астероиди поголеми од Астероидот 2019 ОК. Во 2005 година Конгресот ѝ наложи на вселенската агенција до крајот на 2020 година да пронајде најмалку 90% од потенцијално опасните астероиди поголеми од 140 метри (Астероид 2019 ОК беше широк само 130 метри). Но таа идентификува само околу една третина од нив, според Гизмодо.

Астероидот 2019 веќе помина крај Земјата, така што во моментов не е закана, но други слични на него би можело да бидат.

Ако воопшто ги здогледаме и имаме време да дејствуваме, „судирите со астероидите се единствените природни катастрофи што потенцијално може да се спречат“, вели НАСА. Тие во моментов проучуваат различни начини за одвраќање на астероиди, со таканаречениот Двоен тест за пренасочување астероиди, и планираат да почнат со таа технологија во 2021 година.

„За само еден ден или недела, ќе бидеме во вистинска неволја, но ако има повеќе време, има опции“, напиша Браун. Наместо уништување на астероидот, кое би можело да предизвика тој да се претвори во неколку разорни астероиди, решението може да биде „нежно подбуцнување, а не жестока клоца“ во спротивна насока од нашата кревка планета.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе