Падна во Големите Езера

Астероид експлодира над Земјата откако ни дојде од зад Марс (ВИДЕО)

Расфрланите остатоци од астероидот сега лежат на дното на едно од северноамериканските Големи Езера откако допатува од зад Марс, букна во пламен и падна на Земјата.

Голем број очевидци пријавија дека во вторникот вечерта виделе како огнената топка гори на небото, а експертите пресметаа дека пропатувала скоро половина милијарда километри пред да легне во својот воден гроб на дното на езерото Харон.

Метеорскиот научник Питер Браун објави дека траекторијата на летот на вселенската карпа открива дека патувала од астероидниот појас зад Марс пред да падне на нашата планета.

Астрономот од Универзитетот во Западно Онтарио на Твитер сподели снимка од опсерваторијата, која го снимила вселенскиот посетител како го осветлува ноќното небо.

Дури и најмалите парченца од метеорите се палат и блеснуваат кога ќе влезат во Земјината атмосфера. Браун проценува дека огнената топка од вторникот е создадена од многу поголем вселенски шрапнел, за кој тој процени дека бил нешто поголем од тениско топче.

Американското метеорско друштво има евидентирано најмалку 20 видувања на астероидот од разни локации на источниот брег на Северна Америка.

Нема информации дека е извршена штета врз луѓе или имот како резултат на ударот од астероидот.

Обединетите нации стравуваат дека можноста некој астероид да удри во густо населена област на Земјата не се сфаќа сериозно, па затоа го определи 30 јуни како Меѓународен ден на астероидите за да се подигне свеста за потенцијално катастрофална појава.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе