Слетувањето на Месечината

Аполо 11 покажа дека вонземјаните можеби се повеќе од научна фантастика

На 20 јули 1969 година астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин првпат во човековата историја зачекорија на Земјината месечина. Четири дена подоцна тие, заедно со пилотот на командниот модул на Аполо 11, Мајкл Колинс, беа заклучени во американски воен брод среде Тихи Океан.

Триумфалните астронаути беа во карантин. Според безбедносниот протокол на НАСА, напишан половина деценија пред тоа, тројцата посетители на месечината од местото каде што пласнаа во вода во централен Пацифик беа допратени директно до модифицираната кабина на УСС Хорнет, каде што почна 21-дневната изолација. Целта? Да се осигури дека со себе немаат донесено потенцијално опасни лунарни микроби на Земјата.

Се разбира, како што НАСА брзо потврди, од пазувите на астронаутите не демнеа малечки вонземјани, како ни од 22-та килограми камења и почва што тие ги собраа од месечината. Но и покрај ова отсуство на буквален вонземски живот, астронаутите од Аполо 11 можеби сепак успеаја да донесат вонземјани на Земјата на еден друг начин, кој сè уште може да се почувствува 50 години подоцна.

Претседателот Ричард Никсон им посакува добредојде на астронаутите од Аполо 11 на Земјата по нивното историско патување до месечината. Астронаутите 21 ден беа затворени во еден од мобилните карантински објекти на НАСА, за да се осигури дека нема да ја загадат Земјата со потенцијални лунарни бактерии по својот краток престој на месечината.

„Денес, околу 30 отсто од јавноста мислат дека Земјата ја посетуваат вонземјани во летачки чинии, и покрај тоа што доказите за тоа се многу штури“, вели за Лајв саенс Сет Шостак, виш астроном во Институтот СЕТИ, непрофитен истражувачки центар фокусиран на потрагата по вонземски живот во универзумот. „Мислам дека тоа е поврзано со слетувањето на Месечината“.

Шостак поголем дел од својот живот трага по знаци на интелегентен живот во универзумот (и, пригодно, роденденот му е на денот на слетувањето на Аполо 11). Во интервју за Лајв саенс тој зборува за тоа како слетувањето на Месечината ја променило потрагата на научната заедница по вонземјани и перцепцијата на светот за нив.

Што им откри слетувањето на Месечината на луѓето за вонземскиот живот?

- Не премногу. До 1969 година повеќето научници очекуваа дека месечината ќе умре.

Тие веќе 100 години знаеја дека месечината нема атмосфера, бидејќи кога ѕвездите минуваат зад неа, тие едноставно исчезнуваат. Ако месечината имаше атмосфера, ѕвездите ќе се затемнуваа додека се приближуваа до работ на месечината. Плус, само погледнете ја месечината: нема течност, температурите на сонце се стотици степени, температурите во сенка се минус стотици степени. Ужасно!

Така, мислам дека слетувањето на Месечината влијаеше на перцепцијата на јавноста за вонземскиот живот. Дотогаш ракетите и сличните работи беа само научна фантастика. Но мисиите Аполо покажаа дека можете да отпатувате од еден до друг свет на ракета - па можеби можат и вонземјаните. Мислам дека, од гледна точка на јавноста, тоа значеше дека одењето до ѕвездите нема секогаш да биде само фикција. Одеднаш, универзумот беше малку поотворен.

Дали научниците во 1969 година сметаа дека може да има вонземјани на друго место во сончевиот систем?

- Марс беше Големата Црвена Надеж за вонземски живот во сончевиот систем. Луѓето беа големи оптимисти во 1976 година, кога лендерите на Вајкинг се спуштија на Марс, дека таму ќе има живот. Дури и Карл Саган мислеше дека по Марс може да трчаат живи суштества со нозе и глави. Научниците беа некако разочарани кога се испостави дека на Марс нема многу живот.

Ако ги прашате научниците денес каде е најдоброто место да се бара живот во сончевиот систем, веројатно ви ќе речат Енцелад или некоја од другите месечини на Јупитер или Сатурн. На Марс сепак може да има микробен живот, но за да го најдете, ќе мора да ископате навистина длабока дупка и да извлекувате работи од неа. Некои од овие месечини, од друга страна, имаат гејзери што исфрлаат материи право во вселената, па дури не мора ни да спуштате вселенско летало за да ги најдете.

Како изгледаше потрагата по вонземска интелигенција (СЕТИ) околу 1969 година?

- Модерните експерименти на СЕТИ почнаа во 1960 година со астрономот Френк Дрејк и неговиот Проект Озма, каде што тој трагаше по населени планети околу две ѕвезди со помош на радиотелескоп. (По четиригодишно пребарување, не беа откриени никакви препознатливи сигнали.)

Но до 1969 година, СЕТИ неформално ја вршеа луѓе што работеа на телескопи, ги гледаа координатите на блиските ѕвезди и се надеваа дека во слободното време ќе уловат некој радиобран. Но тоа не беше реално организирано сè додека не почна програмата СЕТИ на НАСА во 1970-тите. Тоа беше сериозна програма, која во еден момент имаше буџет од 10 милиони долари годишно, па НАСА можеше да гради специјални приемници, да го добие телескопското време и слични работи.

Програмата СЕТИ на НАСА почна да набљудува во 1992 година - и во 1993 година Конгресот ја уби! На крај, еден демократски конгресмен од Невада ја уби. Сметам дека е иронично тоа што еден конгресмен од Невада, домот на Областа 51 и на Вонземскиот автопат, гласаше да се укине програмата СЕТИ на НАСА, кога тие таму повеќе профитираат од јавната фасцинација со вонземјаните од кое било друго место.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе