Како и пред 125.000 години

Антарктичка ледена покривка може пак да се стопи и да предизвика нова светска поплава

Се има случено претходно, може да се случи пак.

Пред десетици илјади години, една џиновска ледена покривка на Антарктикот се стопила, зголемувајќи ги нивоата на морето до 30 метри низ светот. Биле поплавени огромни делови од копното. Научниците сметаат дека тоа може да се случи повторно затоа што Земјата се загрева поради глобалното затоплување предизвикано од човекот, посочуваат нови истражувања.

Таквиот колапс повторно ќе предизвика морињата драстично да се зголемат, што ќе доведе до глобално поплавување.

Група истражувачи, предводени од геологот Андерс Карлсон од Државниот универзитет во Орегон, велат дека ледената покривка исчезнала пред околу 125.000 години во климатски услови слични на денешните.

Ако идните истражувања го потврдат овој наод, „на ледената покривка на Западен Антарктик можеби нема ѝ треба големо поттурнување за да се помести“, изјави за магазинот Саенс Џереми Шакун, палеоклиматолог од колеџот Бостон. Тоа, од своја страна, значи дека „големиот пораст во загубата на маса забележан таму во изминативе деценија-две е можеби почетокот на тој процес, а не краткорочна појава“.

А откако ќе почне топењето на старата ледена покривка, работите брзо ќе излезат од контрола. Глобалните океански води можеби се зголемуваат за по 2,5 метри по век, што е како трепнување со око од климатолошки аспект.

За да го направи своето истражување, тимот на Карлсон испитувал неколку морски седиментни јадра што биле земени од брегот на Антарктикот. Јадрата се долги цилиндри од кал и тиња, кои даваат индиции за минатите промени во климата на Земјата.

Очигледно, климатските промени пред 125.000 години биле природни, а не предизвикани од човекот како овие денес.

Научниците шпекулираат дека мала промена во Земјината орбита и во замислената оска создала повисоки температури во северната хемисфера, што предизвикало климатски промени низ целиот свет, изјави Натаел Баутс од Националниот центар за атмосферска наука во Британија за списанието Смитсониан.

Истражувањето беше објавено месецов на состанок на Американската геофизичка унија во Вашингтон.

Дел од процесот веќе е во тек: глобалното затоплување предизвика да се стопат над 3 трилиони тони мраз од Антарктикот во минатиот квартал и за трипати ја зголеми загубата на тамошниот мраз во изминатата деценија, вели една студија објавена во јуни.

Тоа е еквивалентно на повеќе од 2 квадрилиони галони вода додадена на светските океани, со што мразот што се топи на Антарктикот е еден од најголемите придонесувачи за зголемувањето на нивото на морињата. Количеството на водата е доволно за да пополни повеќе од една милијарда базени и да се покрие Тексас до висина од речиси 13 метри.

Севкупно, научниците велат дека топењето на мразот во Антарктикот е одговорно за околу една третина од целиот пораст на нивоата на морето во светот.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе